Пирна

Координати: 50°57′44″N 13°56′25″E / 50.96222° СГШ; 13.94028° ИГД / 50.96222; 13.94028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пирна
Главниот плоштад на Пирна
Главниот плоштад на Пирна
Главниот плоштад на Пирна
Грб на Пирна
Пирна во рамките на Германија
Пирна
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Пирна
Градски единици 16
Градоначалник Маркус Улбиг (ДХС)
Основни податоци
Површина 53,01 км2
Надм. височина 109−340 м
Население 38.284 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 722 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01781–01796
Повик. бр. 03501
Портал www.pirna.de
Местоположба на градот Пирна во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°57′44″N 13°56′25″E / 50.96222° СГШ; 13.94028° ИГД / 50.96222; 13.94028

Пирна (германски: Pirna) — град во сојузната покраината Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини. Населението на градот е над 40.000 жители. Пирна се наоѓа близу Дрезден и е важен град во округот. Исто така е познат по труењето со гас на 15.000 луѓе со посебни потреби во замокот Зоненштајн помеѓу јуни 1940 и август 1941, убиства кои престанале по притисокот на месното население врз властите. Денес, мала плакета кај замокот Зоненштајн и Споменикот Зоненштајн ги одбележуваат мртвите.

Географија[уреди | уреди извор]

Географска положба[уреди | уреди извор]

Пирна се наоѓа близу Елпските Песочнички Планини во долината на Елба, каде соседните реки Везениц, на север и Готлојба на југ, се влеваат во Елба. Пирна исто така е наречена „портата кон Саксонска Швајцарија“ (Tor zur Sächsischen Schweiz). Винскиот регион Саксонија (Sächsische Weinstrasse), се протега од Пирна до Пилниц, Дрезден и Мајсен. Во август 2002, градот страдал од големите поплави кои ја зафатиле Европа.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Пирна се наоѓа југоисточно од Дрезден. Соседни општини се Бад Готлојба-Бергисхибел (град), Баретал, Дома, Дона (град), Дирерсдорф-Дитерсбах, Хајденау (град), Кенигштајн (град), Ломен, Штат Велен (град) и Штрупен.

Историја[уреди | уреди извор]

Камено доба[уреди | уреди извор]

Алатките направени од кремен од доцниот палеолит (околу 12000-8000 п.н.е.), на крајот на последното ледено доба, се доказ за најраното човечко населување на областа. Подоцна, луѓето припаѓале на племиња, кои одгледувале жито и добиток, живееле тука во текот на неолитот (5500-4000 п.н.е.) поради добрата клима. Околу 600 н.е. словенската група наречена Лужички Срби, кои биле рибари и фармери, ги наследиле Германите го Елпската Долина, кои живееле во областа неколку векови од 4 век п.н.е. па наваму. Името Пирна е изведено од лужичката фраза, na pernem, означувајќи тврдо (камен). Подоцна, нереално се извлекол заклучок за името на градот од германски јазик поради присуството на дрво на круша во грбот („круша“ е Birne на германски, што може за зазвучи како „Pirna“).

Пирна и замокот Зоненштајн од Бернардо Белото

Среден век[уреди | уреди извор]

Со освојувањето на словенските населби и основање на германските, основањето на замокот во Мајсен во 929 година, околу Пирна повторно била спомната населба. Замокот во Пирна, кој бил спомнат за првпат во 1269, најверојатно веќе постоел во XI век. Со второто доселување на истокот на Германите градот бил основан од Хајнрих Трети, гроф на Мајсен.

Улиците се подредени од исток кон запад и од север кон југ формирајќи систем на шаховска табла. Само улиците источно од црквата не се во овој облик поради соседниот Бургберг. Во 1233, Пирна била спомната за првпат во документ. Во 1293, кралот на Бохемија го купил градот и замокот од бискупот на Мајсен. Така Пирна припаѓала на Бохемија до 1405.

Ново време[уреди | уреди извор]

Во 1502, изградбата на новата црква била започната под мајсторот Петер Улрих фон Пирна.

Со воведувањето на реформацијата во Саксонија во 1539, Антон Лаутербах, пријател на Мартин Лутер, станал свештеник. Во 1544, стратешки важниот замок бил надграден во тврдина од Морис, изборниот кнез на Саксонија. Три години подоцна ја издржал опсадата од изборниот кнез Јохан Фридрих во Шмалкалдиската војна.

На 23 април 1639, градот бил освоен од шведските трупи под командантот на шведската армија, Јохан Банер. Во текот на мачната петмесечна опсада на тврдината, градот бил значајно уништен. Околу 600 луѓе биле убиени (Pirnarisches Elend, буквално „Мизеријата на Пирна“). Во околу 1670, тврдината Зоненштајн била изградена со модерни воени направи. Само силниот камен постои и денес. Во 1707, Пирна имала долгови кои биле поврзувани со Големата северна војна на повеќе од 100.000 талери.

Поглед на Пирна од десниот брег на реката Елба, близу Поста. Слика на Бернардо Белото

Пруски Пирна[уреди | уреди извор]

На 29 август 1756, малата саксонска армија се предала на Прусите, кои нападнале без објава на војна, и капитулирала на 16 октомври, два дена откако Зоненштајн бил опколен. Во 1758, австриските трупи и царската армија ја освоиле тврдината.

Пирна и Наполеон[уреди | уреди извор]

Производствените објекти отворени во 1774 во Пирна. Во 1811 лекарот Ернст Готлоб Пиниц отворил голема психијатриска болница во замокот Зоненштајн. Но, на 14 септември 1813, француските трупи го окупирала замокот, принудувајќи на евакуација на 275 пациенти, запленување на материјалите и рушење на покривот за отстранување на заканата за пожар. Во септември 1813, царот Наполеон привремено живеел во Мариенхаус на плоштадор. До предавањето на Дрезден на 11 ноември, Французите ја поразиле тврдината. Дури во февруари повторно била отворена болницата.

Индустриска револуција, Германско Царство и Вајмарска Република[уреди | уреди извор]

Во 1837, започнала патување со пароброди на горниот тек на Елба. Неколку години подоцна била отворена железничката линија, која ги поврзувала Дрезден и Пирна. Пирна станал индустриски град во 1862 со изградбата на фабрики. Биле застапени машинската индустрија и производството на стакло и целулоза. Во 1875 бил завршен песочниот Elbbrücke (мост на Елба). Во текот на Првата светска војна Пирна станала гарнизон и седиште на баталјоните 12 и 5 на Кралската саксонска армија. Во 1922/23, градот припоил неколку соседни општини Поста, Нидерфогелгезанг, Оберфогелгезанг, Копиц, Хинтерјесен, Нојндорф, Цушендорф, Ротверндорф и Цеиста. Вкупното население изнесувало над 30.000 жители.

Холокауст[уреди | уреди извор]

Од почетокот на 1940 до крајот на јуни 1942, дел од огромната психијатриска болница во рамките на замокот Зоненштајн биле претворени во центар за евтаназија: нацистичкиот институт Зоненштајн. Овде била првата употреба на техники кои подоцна биле вклучени во Конечното решение. Гасни комори и крематориум биле изградени во поранешната санитарна зграда (зграда C 16). Висок ѕид од тули од двете страни го криел комплексот од надворешни погледи. Четири згради се наоѓале во оградениот простор. Биле користени за канцеларии, дневни соби за персоналот итн.

Од крајот на јуни 1940 до септември 1942, околу 15.000 луѓе биле убиени во склоп на програмата за евтаназија и акцијата Sonderbehandlung. Персоналот се состоел од околу 100 луѓе. Една третина од нив биле доведени од концентрационите логори во Полска, поради нивното искуство во убивањето на луѓе преку гасни комори.

Во текот на август и септември 1942, центарот за убивање Зоненштајн бил затворен, додека гасните комори и крематориумот биле отстранети. По октомври 1942, зградите биле користени како воена болница.

Овој дел од историјата на Пирна бил долго време непознат во Германија до 1989, кога отпочнале напорите за разјаснување на оваа катастрофа. Во јуни 2000 била отворена постојана поставка за случувањата.[2]

Поплави од 2002[уреди | уреди извор]

Пирна била особено погодена од поплавите на Елба во 2002.

Повеќе фактори ги влошиле поплавите. Главен проблем бил големиот земјен насип за поддршка на железничката линија кој одиграл улога на брана, задржувајќи ја водата подолго и подлабоко на страната а градот. Второ, многу продавници кои биле обновени по обединувањето на Германија. Исто така Шена и Бад Шандау биле погодени.

Население[уреди | уреди извор]

Промени на население (од 1960, сите бројки за 31 декември):

1834 до 1946

  • 1834 - 5.556
  • 1875 - 10.581
  • 1880 - 11.670
  • 1933 - 33.656
  • 1939 - 36.325
  • 1946 - 37.426 1

1950 до 1997

  • 1950 - 38.676 2
  • 1960 - 41.111
  • 1981 - 48.387
  • 1984 - 47.601
  • 1995 - 39.194
  • 1997 - 38.673

1998 до 2003

  • 1998 - 42.728
  • 1999 - 42.553
  • 2000 - 42.108
  • 2001 - 41.432
  • 2002 - 40.853
  • 2003 - 40.593

1 29 октомври
2 31 август

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Пирна е збратимена со збратимена со следниве градови:

Пирна има договори за пријателство со Бајенфурт и Ројтлинген, во покраината Баден-Виртемберг.

Култура и места од интерес[уреди | уреди извор]

Музеи[уреди | уреди извор]

  • Музеј Пирна - Stadtmuseum Pirna
  • Ботаничка збирка и Landschloss Pirna - Цушендорф
  • Музеј за ГДР
  • Музеј за Рихард Вагнер

Музика[уреди | уреди извор]

  • Neue Elbland Philharmonie со 60 музичари и околу 160 концерти секоја година.
  • Pirnaer Jazznacht.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. „Споменик Пирна-Зоненштајн“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(на германски):