Пети Бојд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пети Бојд
Родена Патриција Ени Бојд
17 март 1944
Таунтон, Англија[1]
Позната Жена на Џорџ Харисон
(1966–1977) и
Ерик Клептон
(1979–1989)
Занимање модел, фотограф, автор

Патриција Ени „Пети“ Бојд (родена на 17 март 1944) е англиски модел, фотограф и автор. Нејзината модна кариера ја започнала во 1962[2] и работела во Лондон, Њујорк и Париз за Мери Квант и други. Била фотографирана од Дејвид Бејли и Теренс Донован. Исто така, се има појавено на насловната на магазинот „Vogue“.

Таа е поранешна жена на Џорџ Харисон и Ерик Клептон. Бојд тврди дека таа е инспирацијата на Харисон за песните „Something“, „I Need You“, „For You Blue“ и „Isn't It a Pity“, како и за песните „Layla“, „Wonderful Tonight“ и „Bell Bottom Blues“ на Клептон.

За време на нејзините љубовни врски со Харисон и Клептон, Пети одржала изложба во „San Francisco Art Exchange“ на 14 февруари 2005, насловена како „Низ окото на една муза“. Изложбата се проширила во светски рамки вклучувајќи ги Даблин, Сиднеј, Торонто, Москва, Лондон и низ цел САД. Автобиографијата на Бојд, „Прекрасна денес: Џорџ Харисон, Ерик Клептон и јас“ била објавена во Англија на 23 август 2007 (во САД е објавена како „Прекрасна вечерва“).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Профили: Необичниот живот на Пети Бојд“. „BBC Somerset“. Посетено на 5 јули 2012.
  2. „Биографија“. Пикзо. Посетено на 5 јули 2012.