Петар Лавров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Лавров

Петар Лаврович Лавров (на руски: Пётр Ла́врович Лавро́в; алиас: Миртов; 14 јуни 1823 - 6 февруари 1900) - бил рускиот социолог, филозоф и публицист. Идеолог на револуционерното народништво во Русија. Приврзаник на субјективно-идеалистичкиот метод во социологијата.

Животопис[уреди | уреди извор]

По потекло Лавров е дворјанин. Добил образование во артилериското училиште во Санкт Петербург. Во 1860 година активно учествувал во литературните и јавни дејности и во студентското движење. Станува близок пријател со Николај Чернишевски. Член е на организацијата "Земја и волја" од 1862 година, а потоа и на партијата "Народна волја". По атентатот на Дмитриј Каракозов бил уапсен и испратен во прогонство. Таму тој го пишува најпознатото свое дело "Историски писма" (1868-69)[1].

Во 1870 година со помош на Герман Лопатин избегал во Париз. Учествува во Париската комуна од 1871 година. Потоа заминал во Лондон, каде се запознава со Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Од 1873 до 1877 година е уредник на списанието „Напред“.

Умира на 6 февруари 1900 година во Париз, каде е и погребан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Исторические письма“. Архивирано од изворникот на 2008-12-27. Посетено на 2012-02-08.