Пеги Гугенхајм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеги Гугенхајм

Пеги Гугенхајм (англ. Peggy Guggenheim), чие вистинско име e Маргарeт Гугенхајм (Њујорк, 26 август 1898 - Венеција, 23 декември 1979), била американска колекционерка на уметнички дела и мецена.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ќерка на Бенџамин Гугенхајм и Фјорета Селиџман. Нејзиниот татко во 1912 год. завршува трагично на бродот „Титаник“ кога таа била малечка. Нејзиниот стрико, Соломон Гугенхајм е сопственик на музејот Гугенхајм во Њујорк. Семејството Гугенхајм се збогатило во рударската индустрија за сребро, бакар и челик. Семејството пак од мајчина страна, Селиџман, биле познати американски банкари[1].

Во 1919 година, штотуку полнолетна, Пеги добива дел од татковото наследство, многу помало од она на остатаните Гугенхајмови, бидејќи нејзиниот татко еден добар дел потрошил во Париз. Одлучува да оди на пат кој ќе ја одведе од водопадите на Нијагара сè до границата на САД со Мексико.

На свои неполни дваесет години, Пеги започнува да работи во една книжара во Њујорк (која била наречена Sunswise Turn), и посетува значајни кругови во кои запознава многу од тогашните современи интелектуалци меѓу кои и Лоренс Вајл. Така навлегува во светот на авангардата.

Во 1922 год. во Париз се мажи за Вајл, сиромав сликар кој му припаѓал на дадаистичкиот правец и со него има две деца, син (Синбад) и ќерка (Пиџин) која имала изразени уметнички предиспозиции[2].

Мисли[уреди | уреди извор]

Секогаш се земало здраво за готово дека Венеција е совршен град за еден меден месец, но тоа е голема грешка. Да живееш во Венеција, или едноставно само да ја посетиш, значи да се вљубиш во неа и во срцето повеќе не ти останува место за нешто друго.

— Пеги Гугенхајм

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]