Пачакамак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пачакамак
Pachacamac
ОбластЛима
Главниот влез.

Пачакамак е археолошко наоѓалиште во Перу, кој се наоѓа околу 40 километри југоисточно од Лима во долината на реката Лурин. Наоѓалиштето е всушност комплекс на храм на сонцето и останати зданија кои биле подигнати во периодот од 800 до 1450 година, односно до инвазијата на Тавантинсују.

Во наоѓалиштето има неколку неископани пирамиди и археолозите посочуваат дека има најмалку 17 пирамиди во комплексот и добар дел од нив се уништени од врменската непогода позната како Ел Нињо. Покрај пирамидите, во близина има и гробишта и фрески во боја кои прикажуваат риби и овие се од периодот пред Инките. Вариската култура исто така во периодот од 600 до 800 година придонела при изградбата на градот. Вариските елементи се гледаат во градбите, керамиката и текстилот. По падот на Вариската култура, Пачакамак продолжил да опстојува како религиозен центар, кога биле изградени денешните зачувани зданија.

Пачакамак и околината биле организирани во политичката структура која се нарекува Ичма и оваа опстојувала до подемот на Тавантинсују. Пачакамак бил религиозен центар каде воглавно се славел богот Пача Камак. По подемот на Тавантинсују, градот и малата држава биле приклучени кон Империјата на Инките.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Mcleish, K. (1996) Myths and Legends of the World, The Complete Companion to all Traditions, Blitz, United Kingdom.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]