Палмино масло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лево, црвенкасто палмино масло направено од пулпа од плодот на маслодајна палма. Десно, бистро масло семки од палма

Палмино масло - растително масло.

Во сирова состојба има темножолта или жолтоцрвена боја и карактеристичен непријатен вкус. Маслото се добива со цедење и варење на месестиот дел од плодот на палмата Elaeis guineensis (која потекнува од Нигерија и од западниот брег на Африка, а се одгледува и на Суматра) и од палмата Elaeis melanococca (која потекнува од Америка).

Стеблото на палмата на плантажите дава повеќе масло на единица површина од секој друг земјоделски род. Најголеми производители се Малезија и Индонезија. Палминовото масло се пречистува со оксидација и се користи главно за исхрана и особено за производство на мирисливи сапуни, свеќи и маргарин.

Денеска на Запад сѐ повеќе се зборува за штетното влијание на палминовото масло врз кардиоваскуларниот систем. Употребата на ова масло ги зголемува ЛДЛ-холестеролот во крвта и ризиците за кардиоваскуларни болести поради присуството на заситени масни киселини.