Охорн

Координати: 51°10′30″N 14°3′2″E / 51.17500° СГШ; 14.05056° ИГД / 51.17500; 14.05056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Охорн
Грб на Охорн
Охорн во рамките на Германија
Охорн
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Бауцен
Општ. заед. Пулсниц
Месни единици 5
Градоначалник Франк Јегер
Основни податоци
Површина 12,07 км2
Надм. височина 366 м
Население 2.445 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 203 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BZ
Пошт. бр. 01896
Повик. бр. 035955
Портал www.ohorn-sachsen.de
Местоположба на Охорн во рамките на округот Бауцен
Карта
Карта
Координати 51°10′30″N 14°3′2″E / 51.17500° СГШ; 14.05056° ИГД / 51.17500; 14.05056

Охорн (германски: Ohorn) — општина во округот Бауцен, во Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Општина се наоѓа 2 километри источно од Пулсниц и 30 километри североисточно од Дрезден, главен град на Саксонија. Вгнезден во долината на реката Пулсниц, Охорн е опкружен од типичниот пејзаж за западните лужичките ридови, достигнувајќи висина од 449 метри на ридот Хохштајн (Hochstein). Охорн има сопствен излез на сојузниот автопат А4.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Охорн е поделен во 5 дела: Фуксбеле, Гикелсберг, Мителдорф, Обердорф и Редер.

Историја[уреди | уреди извор]

Следејќи го повикот на германски тевтонски визези, 1.100 занаетчии, производители и земјоделци од Тирингија, Франконија, Хесен и Баварија дошле да ја населат областа на реката Пулсниц, создавајќи населба на околу 20 хектари од јузападната страна на ридот Шлајсберг (Schleißberg). Реката била важен фактор за одбирањето на локацијата на населбата.

Охорн бил првпат споменат во историските документи во 1349 во книга за феуди поседувана од Фридрих III, гроф на Тирингија, добивајќи го името „Ahorn“, кое означувало „населба на јавори“[2] Во 1537, дворецот во Охорн бил споменат како имот на владетелите од Пулсниц. Денес постојат само делови на овој дворец. Во тие времиња, немало поважни чекоро за неговиот развој, неговиот статус како фармерска населба истрајал и покрај фактот дека се граничел со бискупијата од Мајсен и бохемиското кралство. Во меѓувреме, бројот на жители бил намален поради разните епидемии. Чумата предизвикала смрт за скоро една петтина од населението.

Во 1661, владетелите на Охорн дозволиле изградба на училишна зграда. Првото училиште било отворено во 1750. Почнувајќи во 1745 се случила драстична социјална промена. Поради развојот на водениците и малите мануфактури, демографски Охорн се зголемил, па така во 1885 во населбата имало над 2.000 жители.

Во 1827 и 1879, била изградена нова училишна зграда. Првата автобуска линија со окружнаа областа била воведена во 1912 од поштенскиот автобуси на Бернхард Моке, станувајќи прва таква во Саксонија, пворзувајќи ги двата поголеми града Пулсниц и Кенигсбрик.

Во 1939, Охорн бил поврзан со планираниот автопат помеѓу Дрезден и Вроцлав, кој е причината за неговото поврзување со сојузниот автопат 4.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Schleißberg- Рид со Schleißbergbaude
  • Schwedenstein со поглед на општината и планински ресторан
  • Tanneberg
  • Музеј за локалната историја
  • Buschmühlenteich (езеро со гондоли)
  • Kirchlehn

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. Historisches Ortsnamenbuch von Sachsen. Bd. II, M-Z. Berlin: Akademie-Verlag 2001, S. 132