Осдорф (Хамбург)

Координати: 53°34′20″N 9°50′35″E / 53.57222° СГШ; 9.84306° ИГД / 53.57222; 9.84306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Осдорф
Кварт во Хамбург
Скулптура на влезот на ботаничката градина
Скулптура на влезот на ботаничката градина
Скулптура на влезот на ботаничката градина
Осдорф во рамките на Германија
Осдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Алтона
Основни податоци
Површина 7 км2
Население 25.206  (31 декември 2006)
 - Густина 3.601 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Осдорф во градот Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°34′20″N 9°50′35″E / 53.57222° СГШ; 9.84306° ИГД / 53.57222; 9.84306

Осдорфо (германски: Osdorf) е кварт во градот Хамбург, Германија. Припаѓа на округот Алтона.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1927 поранешната независна населба Осдорф станала дел од градот Алтона; во 1938 била припоена кон Ханзеатскиот град Хамбург преку законот за голем Хамбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Осдорф имал вкупна површина од 7,3 км2. Јужната граница на Осдорф е со квартот Нинштетен долж железничката линија на градските возови. На запад е градот Шенефелд во Шлезвиг-Холштајн и квартот Изерброк. На исток се квартовите Луруп, Баренфелд и Грос Флотбек.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во Осдорф живееле 25.206 жители. Густината на населеност била 3.459 жители на км2. 18% биле деца под 18 години, а 23,7% имале 65 или повеќе години. 13,4% биле странци. 1.408 лица биле регистрирани како невработени.[1]

Во 1999 постоеле 12.148 домаќинства од кои 23,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 39,2% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,12.[2]

Население по години[уреди | уреди извор]

Население е избројувана од страна на Бирото за пријавување граѓани секој 31 декември секоја година.[1]

1987 1988 1989
23.347 25.918 25.974
1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
26.410 26.858 26.739 26.993 26.625 26.332 26.084 25.599 25.601 25.487
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008
25.477 25.675 25.909 25.993 25.417 25.297 25.106 25.204 25.070

Во 2006 се случиле 2.402 кривични дела (96 дела на 1.000 жители).[3]

Образование[уреди | уреди извор]

Постојат 4 основни и 4 средни училиште во квартот Осдорф.[4]

Дел од Führungsakademie der Bundeswehr се наоѓа во бараките на Generalleutnant–Граф-фон-Баудисин–Kaserne. Академија на Бундесверот ги обучува офицерите за водечките позиции.

Култура[уреди | уреди извор]

Рекреација[уреди | уреди извор]

Рекреативната област Bornpark се наоѓа на границата со Шлезвиг-Холштајн. Neuer Botanischer Garten се наоѓа во областа на поранешната независна општина Клајн Флотбек.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Во Осдорф постојат 17 градинки за деца, 48 лекари во приватни ординации и 6 аптеки.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Осдорф е опслужуван од железничкиот систем преку линиите С1 и С11 на градските возови преку станиците Хохкамп и Клајн Флотбек.

Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Осдорф биле регистрирани 9.445 приватни возила (474 возила/1000 луѓе).[4] Вкупно се случиле 123 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 106 со жртви.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]