Орхидеја Групче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орхидеја Групче
Родена Орхидеја Групче
28 јули 1951
Скопје, административен регион, Република Северна Македонија.
Позната Професор по хемија на ПМФ, Институт по хемија

Орхидеја Групче (28 јули 1951, во Скопје — .[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршу­вањето на средното образо­ва­ние, во 1969/70 г. се запишала на студии по применета хемија на Природно-математичкиот фа­култет во Скопје. Дипломирала во 1974 г. на Заводот за физичка хемија на Хемискиот институт, под менторство на проф. д-р Иван Петров како најдобар студент на генерацијата. Во 1974/75 г. се запи­ша­ла на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природ­но-математичкиот фа­кул­тет во Скопје, насока молекул­ска спектроскопија. Магис­три­рала во 1982 г. на Хемис­киот факултет во Скопје, бра­нејќи го трудот "Инфра­црвени спектри на некои тиоамиди и тиоимиди„ (ментор бил проф. д-р Иван Петров). Во 1988 и 1989 г. некол­ку­пати била на куси студиски прес­тои во Загреб, каде се усовршувала на подрачјето на рендген-струк­тур­ната анализа. Док­тор­ската дисерта­ција под наслов "Структурни испитувања на тиосахарин на некои метални тио­сахаринати, како и на бипиридинските комплекси на сахарин со преодни метали„ ја изработила под ментор­ство на проф. д-р Глигор Јова­новски и ја одбра­нила во 1994 г. на Природно-мате­ма­тичкиот факул­тет во Скопје. Од 1974 до 1982 г. била помлад асистент на Природно-математичкиот и на Хемис­киот факултет во Скопје. За асистент е избрана во 1982 г. и неколкупати е пре­из­бирана во ова звање. Од 1995 г. е доцент на Заво­дот за аналитичка хемија, во 1999 г. за вонреден професор а во 2005 г. за редовен професор. Како асис­тент ги водела вежебите по следниве предмети: аналитичка хемија, инструментална анализа, техничка анализа, хемија и околина и хемија на комплексни соединенија. Како наставник задолжена е со изведување настава по аналитичка хемија за студентите на дво­пред­метните студии по биологија-хемија, а од 2006 г. ја изведува и наставата по предметот инструментална хемија на студиите по биологија, биохемиско-физиолошка насока. Во периодот 1999-2001 и 2005-2006 е раководител на Заводот за аналитичка хемија, а од 2001-2005 е шеф на Институтот за хемија, во два мандата. Главно подрачје на научен интерес е молекулска спектро­ско­пи­ја, а во последните години почнува да се занимава и со археометрија. Објавила вкупно 39 труда, од кои 30 печатени трудови во меѓународни списанија со impactfactor, 4 печатени трудови во национално списание од РМ и 5 во зборници на трудови во Македонија. Има 32 презентирани трудови (усно или постерски) на научни мани­фестации во странство, а исто толку и на домашната јавност, од кои едно секциско пре­да­ва­ње. Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Групче се цитирани 304 пати. Претседател е на Научен/Органи­за­ци­онен одбор на Студентскиот конгрес по хемија, во 1999 г. Учествува во организацијата на Научен/Орган­и­за­­ционен одбор како член на 6 научни конференции.Уредник е на 2 збор­ни­ци на трудови од научни конференции. Раководител е на 4 научноистражувачки проекти, од кои еден меѓу­на­ро­ден (COST-G8). Како член учествувала во 7 домашни и еден меѓународен проект. Член е и на меѓуна­ро­ден проект за унапре­ду­ва­ње на образо­ва­ни­е­то - Tuning. Во рамките на соработката со странски институции, имала три ­не­де­лен престој на KingsCollege, Лондон во 1986 г., двомесечен престој на Приро­до­слов­но-мате­матичкиот факултет во Загреб во 1989 г. и тринеделен престој во 1990 г. и едномесечен престој на Онгстрем лабораторијата во Упсала, Шведска во 1998. Член е на СХТМ, Internationalunion of Crystallography, International Chemistry Thematic Network.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-20. Посетено на 2019-10-16.