Орадеја

Координати: 47°04′20″N 21°55′16″E / 47.07222° СГШ; 21.92111° ИГД / 47.07222; 21.92111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орадеја
Нагиварад
Град


Знаме на ОрадејаГрб на Орадеја
Орадеја is located in Романија
Орадеја
Орадеја
Местоположба на градот на картата на Романија
Координати: 47°04′20″N 21°55′16″E / 47.07222° СГШ; 21.92111° ИГД / 47.07222; 21.92111
Земја Романија
ОкругБихор
Површина
 • Град115,56 км2 (4,462 ми2)
Надм. вис.&10000000000000142000000142 м
Население (2011)
 • Град196,367
 • Ранг10-ти
 • Густина1.257/км2 (3,260/ми2)
 • Метро245,537
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код4101xx
Повик. бр.(+40) 59
Рег. таб.BH
Службен јазикромански
Останати јазициунгарски[1]
Светец-заштитникЛадислав I[2]
КлимаВлажна континентална
Мреж. местоoradea.ro

Орадеја (романски: Oradea, германски: Großwardein, унгарски: Nagyvárad, српски: Велики Варадин) — град во северозападниот дел на Романија и административен центар на округот Бихор, во историскиот регион на Мунтенија. Областа зафаќа површина од 77.9 км2.

Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 196,367 лица, што го прави десетти најнаселен град во Романија.

Историја[уреди | уреди извор]

Варадинум во 1617 година

Иако денешниот град за првпат се споменува во 1113 година под името Варадинум, неодамнешните археолошки наоди обезбедиле докази дека населбата постоела во периодот на неолитот. Дакијците и Келтите исто така живееле во регионот. По освојувањето на Дакија од страна на Римјаните градот станал познат како Варадинумс, и бил населен особено во областа на Салка.

Населбата се развила и прераснала во град во текот на 11 век, кога кралот Ладислав I основал бискупија во близина на градот, каде денеска се наоѓа Римокатоличката епархија Орадеја. Својот подем градот го доживеал во текот на 13 век на економско и култрно ниво. За првпат тврдината се споменува во 1241 година, односно во времето на монголската инвазија, која била разрушена и изградена на неколкупати во текот на следните векови. 14 и 15 век се покажале како најпросперитетните периоди во историјата на градот. Многу уметнички дела биле создадени во градот, вклучувајќи ја статуата на Свети Стефан, Емерик и Ладислав (пред 1372 година) и јавачката скулптура на Свети Ладислав (1390). Легендарната статуа на Свети Ладислав била една од првите прото-ренесансни дела во Европа. Во времето на епископот Батори била обновена градската катедрала во готски стил, и денеска во неа се наоѓа черепот на кралот Ладислав. Во 1464 година била основена опсерваторија во градот.

Во 1474 година градот бил освоен од Османлиите по долга опсада. Во следниот период градот станал дом на различни етнички групи како Романци, Унгарци, Австријци, Словаци, Евреи и Турци[3][4].

По Отоманската инвазија на Унгарија, во 16 век, градот станал постојана точка на несогласување меѓу Кнежевство Трансилванија, Отоманското Царство и на Хабсбуршката монархија. Мирот од Варад бил склучен меѓу царот Фердинанд I и Јован Заполја на 4 февруари 1538, според кој двајцата цареви меѓусебно се признале еден со друг како легитимни монарси. По освојувањето на Кнежевство Трансилванија од Михаил Храбриот, Османлиите испратиле казнена експедиција која го ставила под опсада на градот во 1598 година, и градот бил освоен. По убиството на Михаил во 1601 година и мирот во Виена од 1603, градот бил трајно вграден во територијата на Кнежевство Трансилванија со царски декрет. Османлиите испратиле уште една експедиција, но истата доживеала неуспех. Во 1660 година Османлиите, со сила од 45,000 војници го ставиле под опсада на градот и по 46 денови го освоиле на 27 август. По ова освојување градот станал седиште на пашалак, и под османлиска управа градот бил до 1692 година кога Хабсбуршката Монархија го освоила градот.

Во рамките на Хабсбурговците, градот влегол во својата златна ера. Виенскиот инженер Франц Антон Хилебрант добил задача на изградба на градот во барокен стил, започнувајќи од 1752 година. Така во текот на овој период биле изградени Римокатоличката катедрала, Државниот театар, музеи итн. Градот одиграл голема улога во Унгарската револуција од 1848 година, бидејќи во него се наоѓало седиштето на најголемата фабрика за оружје.

На крајот на Првата светска војна, Орадеја станала дел од Кралство Романија. На 12 октомври 1944 година, градот бил освоен од Советите. По крајот на Втората светска војна, Унгарија морала да се откаже градот, по кое градот останал во рамките на Романија.

По распаѓањето на комунистичкиот режим, Орадеја и покрај тешкотиите во 1990-тите, започнала процес на економски и културен развој претварајќи се во еден од најзначајните центри во земјата.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на околу 10 километри од западната граница со Унгарија, зафаќа површина од 115.56 км2, со надморска височина од 126 метри.

Клима[уреди | уреди извор]

Просечна годишна температура изнесува 10,4 °C. Во јули во просек темпертурата е околу 21 °C, додека во јануари во просек е 1,4 °C. Врнежите од дожд се во годишен просек од околу 585,4 мм.

Климатски податоци за Орадеја
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 1.4
(34.5)
4.7
(40.5)
10.7
(51.3)
16.9
(62.4)
22.1
(71.8)
24.9
(76.8)
27.1
(80.8)
26.8
(80.2)
23.0
(73.4)
17.1
(62.8)
9.3
(48.7)
3.4
(38.1)
15.62
(60.11)
Прос. ниска °C (°F) −5.2
(22.6)
−2.7
(27.1)
1.0
(33.8)
5.5
(41.9)
10.1
(50.2)
12.9
(55.2)
14.2
(57.6)
13.9
(57)
10.8
(51.4)
5.9
(42.6)
1.9
(35.4)
−2.4
(27.7)
5.49
(41.88)
Прос. врнежи мм (ин) 39.5
(1.555)
30.3
(1.193)
36.5
(1.437)
44.9
(1.768)
63.4
(2.496)
90.5
(3.563)
69.1
(2.72)
55.2
(2.173)
39.9
(1.571)
37.9
(1.492)
46.6
(1.835)
49.4
(1.945)
603.2
(23.748)
Извор: Administrația Natională de Meteorologie[5]

Население[уреди | уреди извор]

Историска популација на градот[6][7]
Година Население Романци Унгарци
1787 9,790 n/a n/a
1830 19,091 95% n/a n/a
1857 22,443 17.5% n/a n/a
1880 31,324 39.5% 6.5% 86.8%
1900 47,018[8] 50.1% n/a n/a
1910 64,169 36.4% 5.6% 91%
1930 82,687 28.8% 27.1% 51.5%
1948 82,282 −0.4% 32.8% 63.8%
1956 98,950 20.2% 35.9% 59%
1966 122,534 23.8% 46% 51.3%
1977 170,531 39.1% 53.9% 44%
1992 222,741 30.6% 64.7% 33.3%
2002 206,614 −7.2% 70.3% 27.5%
2011 196,367 −4.9% 73.1% 24.9%

На пописот во 2011 година градот имал население од 196.367 жители[9], што претставува намалување од бројката забележана во пописот од 2002 година.

Етничкиот состав во градот е:[10]

(Податоците се однесуваат на оние за кои информацијата за етничката припадност е на располагање. Таа не е позната за 14.705 лица или 7,5% од населението на градот).

Верската принадлежност во градот е: 59,8% православни, 14,3% реформисти, 9,4% католици, 5% Пентекостите, 3,7% Баптисти, 3,4% гркокатолици и 4,4% останати[11].

Еврејска заедница[уреди | уреди извор]

Еврејската заедница била основана во 1735 година, додека првата синагогата била изградена во 1803 година, првото училиште во 1839 година. Во 1835 година, еврејското население добило дозвола да живее во било кој дел на градот. Еврејската заедница во Орадеја се поделила на православни и неолози. Во почетокот на 20 век, Евреите имале големо значење во јавниот живот на градот. Во Ордеја имало голем број на еврејски производители, трговци, адвокати, лекари, и земјоделци. Шефот на полицијата од 1902 година исто така бил евреин, а еврејскиот елемент пропорционално бил застапен и во Советот на општината.

Во 1944 година, за време на окупацијата на Унгарија од страна на Нацистичка Германија, унгарските власти ги пренеле еврејските жители во гетото во градот пред да ги транспортират во концентрациониот логор Аушвиц.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Медицински факултет
Римокатоличка катедрала
Барокна палата
Градското собрание
Стадион

Орадеја е еден од најголемите просперитетни градови во Романија. БДП по жител во градот е околу 150% од романскиот просек[12]. По 1989 година, заради неговата важна база на потрошувачите, градот започнал со голема економска обнова, не толку многу во индустријата колку во секторот на услуги, како што се трговијата и туризмот.

Орадеја има стапка на невработеност од 6,0%, нешто помала од романскиот просек, но многу повисока од просекот на округот Бихор каде е 2%. Градот во моментот произведува околу 63% од индустриското производство на округот Бихор. Нејзини главни индустрии се производство на мебел, текстил и облека, обувки и преработка на храна. Економијата на градот во голема мера се одржува од страна на малите и средни претпријатија и даноците на имот платени од страна на граѓаните.

Во 2012 година, Орадеја имала најголем буџет во Трансилванија[13]. Некои големи романски компании, како што се Adeplast, RCS-RDS и FrigoExpress имаат свои канцеларии во градот.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Сообраќајната мрежа во градот е под контрола на општинската компанија OTL. Таа е составена од три трамвајски линии (1R, 1N, 2, 3R, 3N) и 17 локални автобуски линии (нумерирани од 10 до 26). Во градот има четири железнички станици: Централна, Западна, Источна и Епископија Бихор.

Во околината на градот се наоѓа Меѓународниот аеродром Орадеја.

Образование[уреди | уреди извор]

Орадеја е еден од главните образовни центри на Романија. Градот е дом на Универзитетот Орадеја, еден од најголемите универзитети во земјата. Исто така, постојат неколку приватни универзитети, како Универзитетот Агора, Универзитетот Емануел, баптистичко училиште итн.

Традиционално, високото образование во градот е присутно од средниот век. Во 2012 година се одбележале 232 години отворањето на високото образование во градот. На крајот на 18 век била основана високообразовна институција за филозофско учење, кој во 1788 година станал Правен факултет, еден од најстарите од таков вид во Источна Европа.

Во мај 1990 година, со декрет на Владата на Романија бил основан Техничкиот универзитет, подоцна наречен Универзитет Орадеја. Денес, на Универзитетот Орадеја постојат 18 факултети.

Туризам[уреди | уреди извор]

Архитектурата на Орадеја претставува мешавина од објекти од комунистичката ера кои главно се наоѓаат во надворешните населби, и историски објекти кои од времето кога градот бил дел од Австроунгарија. Во прилог на многу барокни згради, Орадеја се одликува со особено богата колекција на Арт Нову архитектурата, чии почетоци датираат од 1900 година. Зградите изградени на почетокот на XX век имаат влијание од Виенската архитектура.

  • Епископската барокна палата, која денеска е музеј. Палатата има 365 прозорци и била палата на римокатоличкиот бискуп до 1945 година, кога комунистичкиот режим ја конфискувале во државна сопственост. Во 2003 година палатата се вратила на Римокатоличката црква, и денеска вклучува многу фосили од диносауруси и птици.
  • Барокна катедрала, најголемата барокна катедрала во Романија,
  • Тврдината на градот
  • Музејот Ендре Ади, музеј посветен на еден од најголемите унгарски поети
  • Државен театар,
  • Улица Република

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа и седиштето на кошаркарскиот клуб КК Орадеја, кој бил основан во 2003 година и кој настапува во Првата кошаркарска лига на Романија. Клубот се натпреварува во спортската сала Антонио Алексе која има капацитет од 2,000 гледачи. Клубот бил еден пат шампион на Романија во сезоната 2016 и двапати финалист во националниот куп во сезоните 2014 и 2016.

Фудбалкиот клуб Бихор бил основан во 1958 година. Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот Јулиу Бодола , кој има капацитет од 18.000 седишта и настапува во втората романска фудбалска лига.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Law 215/2001 (романски: Legea nr. 215 din 2001 a administrației publice locale)
  2. Dr. János Fleisz – Szent László Nagyvárad védőszentje Архивирано на 5 јануари 2017 г.. Retrieved 2016-05-19.
  3. Colegiul Național Emanuil Gojdu – Istoria orașului Oradea. Retrieved 2009-05-10.
  4. Oradea-Online – Istoria Oradiei. Retrieved 2009-07-21
  5. Medii lunare multianuale 1961–1990 (романски). Administrația Natională de Meteorologie (Romanian National Administration of Meteorology). Посетено на 2010-07-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. Varga E. Statistică recensăminte după limba maternă, respectiv naționalitate
  7. Structura etno-demografică a României la recensământul din 2002
  8. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition
  9. „2011 Census“ (PDF) (романски). INSSE. 2 February 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-16. Посетено на 10 March 2012.
  10. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-16. Посетено на 2016-10-27.
  11. „Comunicat de presă privind rezultatele preliminare ale Recensământului Populaţiei şi al Locuinţelor – 2011 în judeţul Bihor“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2016-10-27.
  12. „Zona metropolitană Oradea – Prezentare multimedia“. Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на 2016-10-27.
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-31. Посетено на 2016-10-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]