Општина Берово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Берово
Општина
Знаме на Општина БеровоГрб на Општина Берово
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеБерово
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЗвонко Пекевски
Површина
 • Вкупна598,07 км2 (230,92 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно10.890
 • Густина18/км2 (47/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+033
Регистарски табличкиBE
Мреж. местоberovo.gov.mk
Карта на општина Берово со селските атари.
Демографска карта на општина Берово со селските атари.

Општина Беровоопштина во Македонија. Центар на општината е градот Берово, кој е и единствено градско подрачје во општината. Според пописот од 2002 година во општината живеат 13.941 жител во 9 населени места. Густината на населението на општината е 23,3 жители на метар квадратен, а вкупната површина на општината изнесува 598 км2. Општината е претежно населена од Македонци, македонскиот јазик е доминантен, а православието најголема религија во општината. Општината е позната по Беровското Езеро и својата природа.

Географија[уреди | уреди извор]

Општина Берово се наоѓа во Источна Македонија. Општината се протега во историско-географската област Малешевија. На територијата на општината се протегаат Малешевските Планини. Општина Берово граничи со Општина Виница и Општина Делчево на север, со Општина Пехчево на североисток, со Општина Ново Село и Општина Босилово на југ, со Општина Василево на југозапад и Општина Радовиш на запад. Вкупната површина на Општината изнесува 598 км2, а вкупното население според пописот од 2002 година изнесува 13.941 жител. Општината има планински релјеф. На територијата на Општината извира реката Брегалница, а источно од градот Берово се наоѓа планинското Беровско Езеро. Климата во општината е континентална.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 10.890 жители, 4.143 домаќинства и 8.683 станови.[3]

Етничка припадност[уреди | уреди извор]

Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност Вкупно Удел (%)
Македонци 9.925 91,14
Албанци 1 0,01
Турци 60 0,55
Роми 339 3,11
Власи 1 0,01
Срби 10 0,09
Бошњаци 6 0,06
останати 42 0,39
не се изјасниле 2 0,02
непознато 2 0,02
лица без податоци 502 4,61
Вкупно 10.890 100,00

Вероисповед[уреди | уреди извор]

Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 6.272
муслимани 514
католици 4
христијани 3.575
протестанти 2
евангелисти 1
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 9
останати 0
евангелиски протестантски христијани 8
агностици 1
будисти 2
лица без податоци 502
Вкупно 10.890

Мајчин јазик[уреди | уреди извор]

Вкупно резидентно население во Општина Берово според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 10.068
албански 0
турски 22
ромски 257
влашки 1
српски 15
бошњачки 6
останати 19
знаковен јазик 0
непознато 0
лица без податоци 502
Вкупно 10.890

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Попис 2002[уреди | уреди извор]

Доминантна етничка заедница во Општината се Македонците, доминантен јазик е македонскиот и доминантна религија во Општината е православието. Општината е составена од 9 населени места, меѓу кои и градот Берово како најголемо населено место во Општината. Густината на населението е 23,31 жител на км2.[3]

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината има 9 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Берово е единственото градско подрачје во општината.

бр. место жители[4]
1. Берово 7.002
2. Русиново 2.095
3. Владимирово 861
4. Ратево 844
5. Смојмирово 765
6. Двориште 757
7. Митрашинци 729
8. Будинарци 682
9. Мачево 206

Историја[уреди | уреди извор]

Берово како општина функционирало уште со административната поделба на СР Македонија од 1952 година. Претходно општините се именувале како народни одбори. Последното утврдување на Општина Берово како административна единица на Македонија е со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во градот Берово се наоѓа Музејот на град Берово и Домот на културата „Димитар Беровски“.

Образование[уреди | уреди извор]

Градинки
Основно образоване
Средно образование

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Берово е Звонко Пекевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Берово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 9 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места

Локалната управа на општината е составена од следниве комисии:

  • Комисијата за финансирање, буџет и локален екомонски развој
  • Комисија за еднакви можности
  • Комисија за јавни дејности
  • Комисија за општествени дејности
  • Комисија за одбележување на празници и доделување на награди и признанија
  • Комисија за статут и прописи
  • Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Берово
Беровското Езеро.

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Во рамките на Општина Берово функционира Фудбалскито клуб „Малеш“, кој е основан во 1919 година. Покрај овој клуб, во Општината опстојува и Ракометниот клуб „Малеш“. Покрај екипните спортови, во Берово се регистрирани и Риболовното друштво „Абланица“ и Ловечкото друштво „Дабевец“. На територијата на Општината се наоѓаат следниве спортски терени[6]:

  • Спортски терени Хотел „Манастир“
  • Терен за мал фудбал „ФИФА“
  • Спортка сала ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
  • Спортски терен „Стара гимназија“
  • Спортска сала „Македонски бранители“
  • Спортски терен „Кеј р. Брегалница“
  • Стадион

Иселеништво[уреди | уреди извор]

За општина Берово се забележува внатрешна и надворешна миграција. Внатрешната миграција се одвива кон поголемите градски центри во Републиката, а надворешната кон западноевропските држави, првенствено Италија и Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Географска локација и релјеф - Општина Берово“. berovo.gov.mk. Посетено на 3 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. Попис во Македонија 2002
  5. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  6. Спорт во Општина Берово

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]