Ново Село (Струмичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село

Поглед од Беласица кон Ново Село во подножјето на Огражден

Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°24′50″N 22°52′51″E / 41.41389° СГШ; 22.88083° ИГД / 41.41389; 22.88083Координати: 41°24′50″N 22°52′51″E / 41.41389° СГШ; 22.88083° ИГД / 41.41389; 22.88083
Општина Ново Село
Население 1.967 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2434
Шифра на КО 27046, 27546
Надм. вис. 236 м
Мреж. место Ново Село
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Ново Селосело во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица, и административен центар на општината.

Поглед кон Ново Село
Седиштето на Општина Ново Село
Дом на културата
Црква „Св. Ѓорѓи“
Манастирска црква „Св. Ѓорѓи“
ОУ „Мануш Турновски“
Посебно Училиште „Св. Климент Охридски“
Бунар
Чешма на Баба Ванѓа
Бугарски воени гробишта

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ново Село е седиште и најголема населба во рамките на Општина Ново Село и едно од најголемите струмички села. Се наоѓа во подножјето на планината Огражден во Струмичкото Поле, на надморска височина од 236 метри. Селото е оддалечено 21 километар источно од градот Струмица, а 8 километри западно од македонско-бугарскиот граничен премин.

Историја[уреди | уреди извор]

Стара историја[уреди | уреди извор]

Најпрвин населбата се наоѓала во месноста Селиште, потоа во Волчји Дол, па преместена на денешното место. Во селото и околината постојат неколку археолошки наоѓалишта, како: Бел Рид, Градиште, Коштуница, Новоселско Депо, Селиште, Чука и Шопов Рид.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиските пописи од 1519 и 1570 година под името Јени Ќој (Ново Село). Се претпоставува дека со доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров во втората половина на XIV век, плодната рамнина била на одземена на христијанското население и тоа било принудено да формира нова населба источно од месноста Волчја Могила. Новото занимање на населението станало сточарството. Фактот дека ова село долго време опстојувало се големиот број на гробови во областа Гробчето. Од ова село сè уште може да се видат остатоци од темелите на некои куќи.

Кон крајот на 17 и почетокот на XVIII век, населението на селото започнало да емигрира на сегашното место во селото. Конечната емиграција на жителите на денешната местоположба завршила во почетокот на XIX век. Постепено селото започнало да расте и се претворило во пазарен центар на околните села.

Во XIX век селото броело 1.200 жители и било прво од селските населби во Струмичката каза. Во 1842 година била изградена црквата „Св. Георги“, а во 1866 година било основано и училиште на македонски јазик, и тоа во куќата на семејството Панзиевци, како резултат на напорите на видниот граѓанин од селото, Димчо Хаџи-Пенев. Подоцна, местоположбата на селото била преместена во куќата на семејството Ѓозевци, а уште подоцна во т.н. Попски Дом.

Во 1895 година во Ново Село бил основан комитет на ВМОРО. Во селото претстојувал и Гоце Делчев, а овде живел и големиот комитски војвода Мануш Георгиев. Првата тешка провала во Струмичко била таканаречената Новоселска афера кога биле убиени 5 Албанци, по кое следувало апсење 30 души во Струмица на чело со Стојан Георгиев како раководителот на Струмичкиот окружен комитет[2].

Царство Бугарија[уреди | уреди извор]

Во 1913 година, за време на Балканските војни, селото било запленето од грчката војска и биле изгорени се 160 куќи. Според Договорот од Букурешт до 1919 година, Ново Село влегло во границите на Царство Бугарија во новоформираната административна област Струмица.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. За време на Втората светска војна од 1941 до 1944 година селото повторно било вклучено во границите на Бугарија. Во тоа време градоначалник на селото бил Атанас Мачуков[3].

Во 1936 година бил изграден училиштен објект со парични средства на селаните.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село и е нејзин административен центар.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.246—    
19531.443+15.8%
19611.833+27.0%
19712.143+16.9%
19812.562+19.6%
ГодинаНас.±%
19912.829+10.4%
19942.692−4.8%
20022.756+2.4%
20211.967−28.6%

Во почетокот на XX век, селото било со чисто македонско население.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Ново Село е наведено како село со 90 домаќинства и 325 жители Македонци[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 1.400 жители Македонци[4][6]. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 1.280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.756 жители, од кои 2.726 Македонци, 3 Роми, 11 Срби, 2 Бошњаци и 14 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.967 жители, од кои 1.788 Македонци, 2 Албанци, 2 Срби, 9 останати и 166 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.400 1.270 1.246 1.443 1.833 2.143 2.562 2.829 2.692 2.756 1.967
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото е административен центар на Општина Ново Село од 1996 година. Пазарен ден во селото е четврток. Во непосредна близина на селото се наоѓа Новоселската акумулација. Водоводот во селото бил изграден во 1974 година.

Локалната самоуправа на Општина Ново Село се застапува од страна на градоначалникот на општината и Советот на Општината, кој брои 15 члена.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1785, 1786 и 1787 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и дом на културата.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.599 гласачи.[16]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во населбата има повеќе јавни институции како што се:

  • Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село бил основан на ден 28 декември 1988 година а како институција од јавен интерес била регистрирана на 20 февруари 1989 година. Во склоп на домот се наоѓа и Месна заедница на селото, канцеларии за вработените, библиотека, сала со 300 седишта итн.
  • ЈП „Комуна“
  • Посебно Училиште „Св. Климент Охридски“
  • Основно Училиште „Мануш Турновски“
  • Градинка „Детска радост“
  • Полициска станица
  • Гранична полиција и противпожарната станица.
  • Пошта

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

Градби[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени[уреди | уреди извор]

Поврзани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Ноќен турнир по фудбал „Илинден“.
  • Ѓурѓовденски средби

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  3. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 524.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]