Национална портретна галерија (Лондон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национална портретна галерија
National Portrait Gallery
Карта
Основан1856
МестоSt Martin's Place, WC2, Англија, В. Британија
Координати51°30′34″ N; 0°07′40″ W / 51.509369° СГШ; 0.127733° ЗГД / 51.509369; -0.127733
Фонд10.000 портрети
Посетеност1.961.843 (2009)[1]
  • VIII место во земјата
ДиректорСенди Нерн
Јавен превозЧеринг Крос
Ембанкмент ( Черинг Крос 100 m)
Лестер Сквер
Мреж. местоwww.npg.org.uk

Националната портретна галерија (англиски: National Portrait Gallery) — уметничка галерија во Лондон со значајна збирка на портрети од истакнати Британци низ историјата. Ова е најстарата портретна галерија во светот, отворена во 1856 г.[2] Во 1896 г. галеријата е преместена во сегашните простории на улицата Сент Мартинс Плејс (St Martin's Place), веднаш до Трафалгарскиот плоштад, во продолжение на Националната галерија. Низ годините галеријата е проширувана, и има разни ограноци во земјата кои главно изложуваат аристократски портрети. Националната портретна галерија е државна јавна установа под покровителство на Министерството за култура, медиуми и спорт.

Збирка[уреди | уреди извор]

Во глаеријата се сместени портрети на познати и историски важни Британци, одбрани според значајноста на претставената личност, а не на уметникот. Покрај слики, цртежи и скулптури, галеријата има и фотографии и карикатури.[3] Една од најпознатите изложени слики е т.н. „Чандоски портрет“, најпознатиот портрет на Вилијам Шекспир[4] (иако постојат извесни сомнежи дали претставениот е навистина Шекспир).[5]

Не сите портрети се уметнички извонредни како дела, но има автопортрети од Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс и други истакнати британски сликари. Некои од нив, како собирот во Сомерсетскиот Дом во 1604 претставуваат важни историски документи сами за себе. Напати, љубопитната вредност на делата е поголема од уметничката, како кај анаморфниот портрет на Едвард VI од Вилијам Скротс, портретот на Шарлота, Емили и Ана Бронте насликан од брат им Бренвел, или пак скулптурата на кралицата Викторија и принцот Алберт во средновековна облека. Во 1969 за првпат е дозволено изложувањето на портрети на живи личности. Покрај постојаните поставки на историски портрети, галеријата изложува и современи дела, приредува портретни изложби на поединечни уметници и го води наградниот конкурс за портрети на БиПи (BP).

Фасадни бисти[уреди | уреди извор]

Покрај трите бисти на основачите на музејот, надворешноста на двата најстари објекта од 1896 е украсена со бисти на истакнати портретисти, биографи и историчари. Бистите се дело на Фреферик Томас и на нив се претставени Џејмс Грејнџер, Вилијам Фејторн, Едмунд Лоџ, Томас Фулер, Ерлот од Кларендон, Хорас Волопол, Ханс Холбајн Помладиот, Антонис Ван Дајк, Питер Лели, Годфри Нелер, Луј-Франсоа Рубијак, Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс, Томас Лоренс и Френсис Легат Чантри[6].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Посети на атракции што членуваат во ALVA за 2009 г.“. Здружение на водечки туристички атракции. Посетено на 21 мај 2010. (англиски)
  2. „Национална портретна галерија: За галеријата“. ARTINFO. 2008. Посетено на 30 јули 2008. Наводот journal бара |journal= (help) (англиски)
  3. Секоја велика земја мора да има своја портретна галерија Архивирано на 25 август 2012 г. (англиски)
  4. Национална портретна галерија | Актуелности | Во потрага по Шекспир Архивирано на 11 септември 2008 г. (англиски)
  5. Хигинс, Шарлот (2 март 2006). „Единствената веродостојна слика со Шекспир - веројатно“. Гардијан. Лондон. Посетено на 19 мај 2010. (англиски)
  6. Историја на Националната портретна галерија. пристапено на 26 мај 2008 (англиски)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Hulme, Graham, The National Portrait Gallery: An Architectural History, National Portrait Gallery Publications, 2000, ISBN 1855142937

Надворешни врски[уреди | уреди извор]