Народен театар (Белград)

Координати: 44°49′00″N 20°27′38″E / 44.8167° СГШ; 20.4606° ИГД / 44.8167; 20.4606
Од Википедија — слободната енциклопедија
Народен театар во Белград
Зградата на Народниот театар во Белград
Адреса
Француска 3
Град
Земја Србија
Архитект Александар Бугарски
Отворен 1869
Годишна активност 1868 — денес
Реновиран 1912, 1922, 1941, 1965, 1989
www.narodnopozoriste.rs


Народен театар во Белград (српски: Народно позориште у Београду / Narodno Pozorište u Beogradu) — театар основан во втората половина на XIX век. Се наоѓа на Плоштадот на Републиката, во центарот на Белград, Србија. Со издигнувањето на оваа градба, како и воведувањето на градскиот план од Јосимовиќ[1] од 1867 година, биле создадени условите за настанување на денешниот плоштад. Изграден во 1868 година, Народниот театар, ја имал судбината на својот народ и држава, минувајќи низ различни фази на архитектонски и уметнички развој, преживувајќи како симбол на српската култура, традиција и духовност. Денес, под негов покригв, се наоѓаат три уметнички ансамбли — опера, драма и балет.

Зградата на Народниот театар била прогласена за споменик на културата од големо значење во 1983 година и е заштитена од државата.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1868 година, Српскиот народен театар од Нови Сад (тогашно средиште на српската култура во Австроунгарија) настапил во Белград (тогашен главен град на Кнежевството Србија). Михајло Обреновиќ III, воодушевен од настапите, го поканил Јован Ѓорѓевиќ (основачот на Српскиот народен театар во Нови Сад) да основа слична установа во Србија. Прифаќајќи, Јован Ѓорѓевиќ дошол во Белград со половина од неговата постава на глумци и го основале Народниот театар во Белград, седум години откако го основале новосадскиот театар.

Народниот театар во Белград, во 1895 година
Народниот театар околу 1930 година

Зградата на Народниот театар[уреди | уреди извор]

Народниот театар во 2012 година

Народниот театар во Белград бил изграден во 1869 година според проектот на Александар Бугарски, најактивен архитект во Белград во XIX век. Одлуката за изградба на специјална градба за театарот била направена од кнезот Михајло Обреновиќ. Градбата била вообичаена театарска градба во тоа време и била особена слична на Ла Скала, Милано, во однос на нејзиниот ренесансен изглед и украсната завршница. Подоцна, обновите целосно го промениле нејзиниот првобитен изглед. Голема обнова била направена во 1986 година, кога театарот го здобил својот изглед од 1922 година и било изградено ново крило. Покрај театарски претстави, салата била користена за добротворни настани и концерти во XIX век. Големото уставотворно собрание го прифатило познатиот устав од 1888 година во оваа градба.

Сцени[уреди | уреди извор]

Народниот театар во Белград има две сали за изведување претстави.

  • Главна сцена

Големата сала има три нивоа. Пред сцената има 219 седишта, при што седиштата во првите редови се најскапи. Постојат три балкони во театарот, каде што првиот е најскап.

Големите опери, претстави и балети се одигруваат во Големата сала.

  • Сцена „Раша Плаовиќ“

Оваа сцена има 281 седиште и нема балкони. Многу е помала и помалку убава отколку Големата сала. Помалите театарски претстави се одигруваат на оваа сцена.

Настаните од 1999 г.[уреди | уреди извор]

Во текот на најтешките времиња во српската историја, како што било бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, овој театар бил единствениот кој ги отворил своите врати за јавноста во текот на 78-дневните воздушни напади. За еден динар биле изведувани опери, претстави и балети. Времињата на претставите биле необични, од 15:00 до 18:00 часот. Така било направено бидејќи во тој период немало воздушни напади на Белград. Светски познатиот оперски диригент, маестро Алберто Зеда, изјавил дека во текот на тие ужасни денови, Белградската опера гордо ги испишувала страниците на историјата на светската опера.

Драма, опера, балет[уреди | уреди извор]

Драма[уреди | уреди извор]

Активноста на драмскиот дел во Народниот театар може да се погледне како развој во четири фази: од 1868 до 1914 година, од 1918 до 1941 година, од 1945 до 1991 година и од 1991 до денес. Првата фаза била обележана од многу трагедии инспирирани од средновековната и современата историја, како Смртта на Урош V од Стефан Стефановиќ. Одлика на репертоарот на Народниот театар, особено кон крајот на XIX век биле претстави со пеење како драматизациите на популарните раскази на Стеван Сремац: Зона Замфирова и Ивкова Слава.

Опера[уреди | уреди извор]

Музичкиот ансамбл на Народниот театар во Белград работел како професионална опера од 1882 година.

Како самостоен ансамбл започнал со работа во 1919 година.

Балет[уреди | уреди извор]

Балетот отсекогаш имал важен дел во Народниот театар. Една од најважните и најгледани балетски претстави е Лебедово езеро. Балетот на Народниот театар е многу познат по своите светски премиери. Една од претставите на кои е горд националниот балет е Ана Каренина од рускиот композитор Шедрин, како и Легендата од Охрид на српскиот композитор С. Христиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Emilijan Josimovic - Beograd 1867“. www.staribeograd.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 28 септември 2015.
  2. Предлошка:CHS-SANU

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

44°49′00″N 20°27′38″E / 44.8167° СГШ; 20.4606° ИГД / 44.8167; 20.4606