Минато-идно време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Минатото-идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Ова време е конкретно по тоа што со него се искажува идно дејство, но од минат глаголски вид и идното дејство не се искажува во сегашноста. Ова време се формира со честичката ќе со кое се искажува идноста на времето и минато определено несвршено време на глаголот со кое се искажува минатиот глаголски вид.[1]

Образување[уреди | уреди извор]

Минатото-идно време се образува со ставање на честичката ќе пред глаголот. Глаголот кој следи по честичката е во минато определено време, кој пак може да биде од свршен и несвршен вид, односно минато определено свршено и минато определено несвршено време.[1]

Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:

вика крои пече
Јас ќе викав ќе кроев ќе печев
Ти ќе викаше ќе кроеше ќе печеше
Тој, таа, тоа ќе викаше ќе кроеше ќе печеше
Ние ќе викавме ќе кроевме ќе печевме
Вие ќе викавте ќе кроевте ќе печевте
Тие ќе викаа ќе кроеја ќе печеа

Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:

викне скрои испече
Јас ќе викнев ќе скроев ќе испечев
Ти ќе викнеше ќе скроеше ќе испечеше
Тој, таа, тоа ќе викнеше ќе скроеше ќе испечеше
Ние ќе викневме ќе скроевме ќе испечевме
Вие ќе викневте ќе скроевте ќе испечевте
Тие ќе викнеа ќе скроеја ќе испечеа

Одречните форми на минатото-идно време се образуваат со партикулата не (не ќе викав) или со глаголот нема во форма за трето лице еднина во минато определено несвршено време и да-конструкција (немаше да викам, немаше да викаме)[1].

Употреба[уреди | уреди извор]

Графички приказ на минатото-идно време. Стрелката го означува аспектот, односно означува дека таа дел-реченица е идно дејство.

Минатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него[1].

Ова време има слични значења со идното време. Неговото присуство посебно е забележливо во условните реченици за искажување нереален услов (пр: Да знаев, ќе кажев.) и во речениците во кои се набројуваат повторливи, последователни дејства што се случувале во минатото (пр: Ќе земев сол, ќе турев во солта малку вода...)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 129 и 130. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]