Милштатско Езеро

Координати: 46°47′42″N 13°34′47″E / 46.79500° СГШ; 13.57972° ИГД / 46.79500; 13.57972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Милштатско Езеро
Millstätter See
Поглед од исток
ПодрачјеКорушка
Координати46°47′42″N 13°34′47″E / 46.79500° СГШ; 13.57972° ИГД / 46.79500; 13.57972
Видледничко езеро
Главни приливиРигенбах
Главни истециЗебах до реката Лизер
Слив&10000000000000285000000285 км2
Сливни земји Австрија
Најг. должина12 км
Најг. ширина1,8 км
Површина&1000000000000001330000013,3 км2
Прос. длабочина89 м
Најг. длабочина141 м
Зафатнина1.205 км3
Проточност7,5 години
Надм. височина588 м
Населени местаЗебоден, Милштат, Дебријах

Милштатско Езеро (германски: Millstätter See; словенечки: Milštatsko jezero) или Миљско Езеро (Miljsko jezero) — езеро во сојузната покраина Корушка, во Австрија.

Географија[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 588 метри надморска височина, северна од долината на реката Драва, во рамките на Норишките Алпи, масив на Централните Источни Алпи, близу градот Шпитал на Драва. Со површина од 13,3 км², Милштатското Езеро е најголемото езеро во Корушка (зад Вертерското Езеро), иако со длабочина од 141 метар е најдлабоко.[1]

Милштатското Езеро со долината на Драва во позадина

Нејзиниот стрмен брег му дава на езерото облик на фјорд. Милштатските Алпи на север се издигаат до 2.100 метри и заштитуваат од студени ветрови, па така температурата на водата може да достигне до 25°С. Тесната и долга површина се протега 12 километри исток-запад. На југ се наоѓа шумата Хохгош, со широчина од 2 километри и надморска височина од 876 метри, го дели езерото од долината на Драва.

Името потекнува од градот Милштат (Миље) на северниот брег. Други општини близу езерото се Зебоден (Језерница) и Радентхајн-Дебријах (Раденче-Дебрије). Ублажениот јужен брег, заштитена област од 1970 година, е скоро ненаселена.

Геологија[уреди | уреди извор]

Езерото потекнува од последното ледено доба, пред околу 20.000 години, кога северниот дел на ледникот Драва се стопил и езерото претставува остаток од него.

Милштатската област е дел од австроалпскиот дел, составена од гнајс и резерви на шкрилец со кварцит.

Лимнологија[уреди | уреди извор]

Бројни потоци се влеваат во езерото, од кои Ригербах близу Дебријах е најголем. На западниот крај на краткиот поток Зебах ја води водата во реката Лизер, која е притока на Драва. Езерото со својата длабочина има чисти води со квалитет скоро на питка вода.

Рибарството, особено на пастрмка, била извор на храна и работа за жителите од древни времиња. Денес, спортското рибарство и обичниот риболов се особено вообичаени, не само за пастрмка, туку и за неколку други видови на риба.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патнички брод

Милштатското Езеро може да се стигне преку станицата Шпитал-Милштатско Езеро на линијата Тауернска ќелезница со патнички воз преку Австриските сојузни железници (ÖBB). Автопатот Б98 води долж северниот брег на езерото, поврзувајќи го Тауернскиот автопат (А10) од Салцбург до Филах (дел од Е55).

Од 1901 година, бродскиот транспорт на езерото во лето е обезбеден со бродското претпријатие „Милштатско Езеро“, кое денес раководи со четири пловила.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. O'Sullivan, Patrick; Reynolds, C. S (2008-04-15). The Lakes Handbook: Lake Restoration and Rehabilitation. стр. 162. ISBN 9781405141109.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]