Мигел Најдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мигел Најдорф
Мигел Најдорф во 1973 г.
Роден15 април 1910(1910-04-15)
Гроѓиск Мазовјецки, Полска, Руско Царство
Починал4 јули 1997(1997-07-04) (возр. 87)
Малага, Шпанија
Најв. рејтинг2540 (јули 1972)

Мигел Најдорф (шпански: Miguel Najdorf) или Мјечислав Најдорф (полски: Mieczysław Najdorf); родено име: Мојше Мендел Најдорф (Mojsze Mendel Najdorf; 15 април 1910 - 4 јули 1997) — истакнат полски и подоцна аргентински шаховски велемајстор со еврејско потекло, познат по Најдорфовата варијанта.

Рани години[уреди | уреди извор]

Мјечислав Најдорф е роден во еврејско семејство во Гроѓиск Мазовјецки, недалеку од Варшава. Вил ученик на Давид Пшепорка, а потоа и на Савели Тартаковер, кого често го нарекувал „мојот учител“.

На почетокот на неговата кариера, во 1929, Најдорф го победил Глукберг во познатата партија позната како „Полска бесмртност“. Во 1930, тој бил на делба од 6-7 место на првенството на Варшава. На првснетвото победил Паулино Фридман. Во 1931, на истиот турнир,, тој завршил втор, веднаш задд Фридман. Во 1932 завршил на делба од 9-10 место, а во 1933 година го освоил првенството на Варшава. Во 1934, Најдорф завршил втор, зад Рудолф Шпилман на турнирот „Четириаголник“ одржан во Варшава. Летото 1934, тој го загубил мечот против Оред Карлин (+1 –2 =1), но истата година, по вторпат победил на првенството на Варшава. Во 1935, Најдорф бил на делба од 2-4 место, заедно со Паулин Фридман и Хенрик Фридман, зад Савели Тартаковер на третотот првенство на Полска. Кратко по овој настан, Најдорф сензационално го победил Тартаковер во Торуњ (+2 –1 =2). Во 1936, бил на делба на првиото место, задено со Лајош Штајнер на првенството на Унгарија. Во 1937 завршил трет на првенството на Полска. Истата година, Најдорф победил на турнирот во Рогашка Слатина. Следната 1938, бил на делба од 10-12 место на турнир во Лоѓ, а во 1939 бил шести на турнир во Маргејт.

Најдорф настапувал како дел од репрезентацијата на Полска на 3 шаховски олимпијади. Во август 1935, тој играл на трета табла на 6. шаховска олимпијада, која се одржала во Варшава, со учинок +9 –2 =6. Во 1936, Најдорф играл на втора табла на неофицијалната шаховска олимпијада, одржана во Минхен и остварил учинок +14 –2 =4. Во јуни и јули 1937, тој повтрно играл на втора табла на 7. официјална шаховска олимпијада, одржана во Стокхолм, на која остварил учинок +5 –3 =7.

Олимписки достигнувања[уреди | уреди извор]

Најдорф настапил на 11 шаховски олимпијада за репрезентацијата на Аргентина, во периодот од 1950 до 1976. Тој играл на прва табла на шаховската олимпијада одржана во Дубровник во 1950 (+8 –0 =6) и на првата табла на следната олимпијада одржана во Хелсинки во 1952 (+11 –2 =3). Сè на сè, Најдорф освоил 11 медали на шаховските олимпијади (7 со репрезентациите на Полска и Аргентина (4 сребра и 3 бронзи) и 4 медали во поединечна конкуренција (3 злата во 1939, 1950 и 1952 и едно сребро во 1962). Најдобриот пласман на шаховската репрезентација на Аргентина е второто место на шаховската олимпијада во 1950.

Бегството во Аргенитна[уреди | уреди извор]

Во август и септември 1939, за време на одржувањето на 8. шаховска олимпијада во Буенос Аирес, Најдорф како и многу други шахисти решил да остане во Аргенитина. Тој бил полски Евреин како и упте двајца шахисти во полската репрезентација (Тартаковер и Фридман. Регежински, кој бил со германско потекло и Францизек Силик не биле Евреи. Најдорф претрпел голема семејна загуба за време на Холокаустот. На шаховската олимпијада во 1939, тој имал одличен учинок (+12 −2 =4).

Во септември 1939, веднаш по завршувањето на 8. шаховск олимпијада, Најдорф завршил на делба на првото место, заедно со Паул Керес на турнирот „Сиркуло“, одигран во Буенос Аирес; и двајцата оставриле резултат 8.5/11. Во 1941, тој бил втор, веднаш зад Гидеон Столберг на турнирот во Мар дел Плата, со резултат 12.5/17. Истата година, тој завршил на делба на првото место, заедно со Столберг на турнирот во Буенос Аирес; и двајцата оставриле резултат 11/14. Во 1942, Најдорф победил на турнирот во Мар дел Плата, со резултат 13.5/17, пред Столберг, а следната 1943 вил втор, зад Столберг, со резултат 10/13. Во 1943 победил и натурнир во Росарио, а во 1944 и во Ла Плата, остварувајќи резултат 13/16 и пласирајќи се пред Столберг. Истата 1944, завршил на делба на првото место, заедно со Херман Пилник на турнирот во Мар дел Плата; и двајцата оставариле резултат 12/15. Во 1945, Најдорф победил на „Грау“ меморијалот во Буенос Аирес со резултат 10/12, пласирајќи се пред Столберг и Карлос Гимар. Истата 1945, завршил на второто место на турнирот во Виња дел Мар, остварувајќи резултат 10.5/13, веднаш зад Гимар. Потоа, следувале две негови победи (1945 и 1946) на турнирот во Мар дел Плата. Во 1945 со резултат 11/15, пред Столберг и во 1946 со одлични 16/18, пред Гимар и Столберг. Во 1946, победил и на турнир во Рио де Жанеиро.

Откакао завршила Втората светска војна, шахот повторно станал популарен во меѓународни рамки и централното место на шаховските случувања повторно била Европа. Во 1946, Најдорф се пласирал од 4-5 место, задено со Ласло Сабо на шаховсиокт турнир во ГронингенGroningen, со резултат 11.5/19; на турнирот победил Михаил Ботвиник. подоцна во 1946, ттој победил на турнир во Прага, со резултат 10.5/13, пред Петар Трифуновиќ, Госта Штолц, Светозар Глигориќ и Јан Фолтис. Истата година, тој исто така победил и на турнир во Барселона, остварувајќи резултат 11.5/13, пред Даниел Јанофски. Во 1947 го освоил второто место на турнирот „Шестаголник“, кој се одржал во Буенос Аирес и Ла Плата, остварувајќи резултат 6.5/10, веднаш зад Столберг, но пред Мак Еве. Истата година победил на турнирот во Мар дел Плата и го освоил второрто место, веднаш зад Ерих Елисказес на турнир одржан во Сао Паоло.

Во 1948, Најдорф завршил втор на турнир во Њујорк, остварувајќи резултат 6/9, зад Рубен Фајн, којшто остварил 8/9. На турнирот во Мар дел Плата завршил на делба од 4-5 место, азедно со Хектор Росето, со резултат 10/17, зад Елисказес, Столберг и Медина Гарсија. Најдорф победил на турнирот во Мар дел Плата во 1948 со резултат 14/17, пред Столберг (13.5), Елисказес (12) и Еве (10.5). На турнирот во Буенос Аирес во 1948 завршил втор, со резултат 8/10, веднаш зад Столберг. Во истата 1948, Најдорф победил и на турнир во Венеција, со резултат 11.5/13, пред Гидеон Барца, Естебан Канал и Макс Еве. Во 1949, победил на турнирот во Буенос Аирес, делејќи го првото место со Столберг. Во 1950, победил на турнир во Амстердам, со резултат 15/19, пред Решевски (14), Столберг (13.5), Глигориќ (12), Пирц (12), и Еве (11.5).. Најдорф исто така победил и на турнир во Блед во 1950.

Кандидат за светски првак[уреди | уреди извор]

Најдорфовата низа на дорби резултати во периодот од 1939 до 1947 го издигнала на ниво на еден од најдобрите шахисти во светот. Според шахометријата, тој бил второрангиран шахист во светот во периодот од средината на 1947 до 1949.[1] И покрај неговите одлични резултати, Најдорф не бил поканет на турнирот за светски првак во 1948.

Иако цело време не бил професионален шахист (for many years he worked in the insurance business), тој бил еден од водечките шсхисти во светот во 1950-тите и 1960-тите и бил одличен играч во шах на слепо. Во 1950, од ФИДЕ ја добил титулата велемајстор. Тој играл на турнирот во Будимпешта, каде се одржал турнирот на кандидатите, во кој бил избрн предизвикувач на светскиот првак во шах. На овој турнир, Најдорф завршил на петтото место. Три години подоцна, на турнирот на кандидатите, одржан во Цирих, завршил на шестото место. По ова, Најдорф никогаш повеќе не обезбедил учество на турнирот на кандидатите. Најблиску бил во 1955, кога не успеал да обезбеди учество од Интерцоналот.[2]

Подоцнежна кариера[уреди | уреди извор]

Најдорф победил на силни турнири, како оние во Мар дел Плата (1961) и Хавана (1962 и 1964). Тој играл и на двата турнири од Пјатигорскиот куп. Кратко пред неговиот шеесетти роденден, тој учествувал на мечот СССР против остатокот од светот, постигнувајќи резултат како оној на поранешниот светски првак Михаил Таљ.

Личноста на Најдорф го направила голем, без сомнеж во неговата надареност за духовити говори, што го наследил од неговиот ментор Тартаковер. На пример: коментирајќи за својот противник на мечот меѓу СССР и остатокот од светот во 1970, тој забележал: „Кога Спаски (тогаш светски првак) во нуди фигура, вие може да се предадете огаш и таму. Но, кога Таљ ви нуди фигура, вие може да продолжие да играте со добра игра, бидејќи тој потоа ќе Ви понуди уште една, и уште една, и ... кој знае?“

Најдорф продолжил да биде активен шахист, сè до крајот на својот живот. На 69 години, тој завршил на делба на второто место на многу силниот турнир во Буенос Аирес, одигран во 1979, со резултат 8/13, зад победникот Бент Ларсен (11/13), но пред поранешните светски прваци Тигран Петросјан и Борис Спаски. Во Буенос Аирес во 1988, тој остварил одлични 8.5/15, што било доволно за четвртото место на 78 години. Следната година, на шаховското првенство на Аргентина, во конкуренција на неколку други велемајстори, Најдорф завршил на делба од 4-6 место, со резултатh 10/17. Неговото последно државно првенство било во 1991, на 81 година, на кое завршил со негативен резултат. Најдорф бил и одличен шахист во брзопотезен шах, задржувајќи ја својта игра и во текот на 1980-тите.

Придонеси[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
b7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a6 црн пешак
d6 црн пешак
f6 црн коњ
d4 бел коњ
e4 бел пешак
c3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана настанува со потезите 1. e4 c5 2. Sf3 d6 3. d4 cxd4 4. Sxd4 Sf6 5. Sc3 a6

Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана, едно од најпопуларните отворања во модерниот шах го добила името по него. Најдорф, исто така, придонел многу во развојот на теоријата и практиката на многу други отворања, како што е Кралско-индиската одбрана. Најдорф бил и почитуван и авторитетен шаховски новинар, кој имал популарна колумна во весникот Буенос Аирес Кларин.

Антологиски шаховски партии[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Каспаров, Гари (2004), Моите големи претходници, дел IV, Everyman Chess, ISBN 1-85744-395-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]