Меѓународна организација на франкофонијата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки и 14 земји набљудувачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони км2.

Знаме на Меѓународната организација на франкофонијата

Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чиишто земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот.

Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Исто така многу соработува со слични организаации, а особено со шпански (Латинска унија), и со португалски (Заедница на држави со португалски јазик), кои се многу значајни во светот.

Структура[уреди | уреди извор]

L’OIF има статус на набљудувач во седницата на Cоветот за безбедност.

Самити[уреди | уреди извор]

Самитите се одржуваат на секои 2 години, кога водачите на земјите членки имаат можност да се сретнат и да ја развиваат стратегијата и целите на организацијата. Важно е да се напомене дека оригиналниот основач на франкофонијата бил Samuel de Champlain.

ПРЕТХОДНИ САМИТИ

Постојан совет[уреди | уреди извор]

Постојаниот совет на франкофонијата се состои од амбасадори на земјите членки, и како министерска конференција, негова главна задача е планирање за наредниот самит и надгледување на одлуката на самитот за имплементација врз основа на ден зад денот.

Меѓународна агенција[уреди | уреди извор]

Меѓународната агенција е главен оператор на културните, техничките, научните, економските и правните програми и одлуки на самитот. Седиштето на агенцијата е во Париз, а има и три ограноци во Либравил, Габон, Ломе, Того и Ханој, Виетнам.

Постојани земји членки[уреди | уреди извор]

Европа

  1. Франција
  2. Албанија
  3. Белгија
  4. Андора
  5. Бугарија
  6. Грција
  7. Луксембург
  8. Македонија
  9. Молдавија
  10. Монако
  11. Романија
  12. Швајцарија

СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА

  1. Канада: Квебек (учествува влада), Њу Брaнзвик (учествува влада), Онтарио (посматрач со можно членство)
  2. Доминиканска Pепублика
  3. Хаити
  4. Света Луција

АФРИКА

  1. Бенин
  2. Буркина Фасо
  3. Бурунди
  4. Египет
  5. Зелено'ртски Oстрови
  6. Камерун
  7. ЦАР
  8. Чад
  9. Мароко
  10. Комори
  11. Конго, Демократска Република
  12. Конго, Република
  13. Брегот на Слоновата Коска
  14. Џибути
  15. Екваторска Гвинеја
  16. Гвинеја
  17. Гвинеја-Бисао
  18. Мадагаскар
  19. Мали
  20. Мавританија
  21. Маврициус
  22. Нигер
  23. Руанда
  24. Сао Томе и Принсипе
  25. Сенегал
  26. Сејшели
  27. Того
  28. Тунис

АЗИЈА

  1. Камбоџа
  2. Лаос
  3. Виетнам
  4. Либан

ОКЕАНИЈА

  1. Вануату

Асоцијативни членки

  1. Кипар - Европа
  2. Гана - Африка

Набљудувачи

  1. Австрија
  2. Хрватска
  3. Чешка
  4. Грузија
  5. Унгарија
  6. Летонија
  7. Литванија
  8. Мозамбик
  9. Полска
  10. Србија
  11. Словачка
  12. Словенија
  13. Тајланд
  14. Украина