Методиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Методиј I Цариградски
Вселенски патријарх
Икона „Победа на православието“ од доцниот 14-ран 15 век, на која е прикажана победата против иконоборците од 843. Методиј е прикажан во горниот дел, десно од иконата на Богородица, а лево се прикажани Теодора и нејзиниот син Михаил.
ЦркваЦрква на Цариград
Ракоположен843
Службата завршила847
ПретходникЈован VII Цариградски
НаследникИгнатиј I Цариградски
Лични податоци
Роденоколу 788
Сицилија
Починал14 јуни 847
Цариград
Вероисповедправославие
ЖивеалиштеЦариградска патријаршија
ЗанимањеПатријарх
Други папи наречени Методиј

Методиј I Цариградски ( 788 во Сицилија - 14 јуни 847 во Цариград) бил Вселенски патријарх во периодот од 843 до 847 година.

Кога завршил со светското школување се замонашил и почнал да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зел на служба кај себе. Во времето на иконоборечките цареви насекаде се прочул како одличен бранител на иконопочитувањето. Царот Теофил го затворил за тоа на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници поминал седум години.

Во времето на царицата Теодора и нејзиниот син Михаил, Методиј бил ослободен и избран за патријарх. Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внел иконите во црква и напишал канон во чест на иконите. Кривоверците според преданието, најмиле една жена којашто изјавила дека патријархот со неа има нечисти телесни односи. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се соблекол гол пред судот којшто сам го побарал и го покажал своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се уверил дека патријархот е наклеветен[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Свети Методиј, патријарх Цариградски“. Посетено на 6 февруари 2011.
Духовни титули
Претходник
Јован VII
Цариградски патријарси
843–847
Наследник
Игнатиј I