Мајкл Чимино

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајкл Чимино (англиски: Michael Cimino) (1939, Њујорк2 јули 2016) – американски филмски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мајкл Чимино е роден во Њујорк, во добро ситуирано уметничко семејство. Студирал уметност, дизајн и архитектура. Во 1996 година се повлекол од очите на јавноста и го продолжил животот пишувајќи романи.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Чимино започнал како режисер на скапи и раскошни [Телевизија[|телевизиски]] реклами. На почетокот на 1970-тите, заедно со Џон Милиус, го напишал сценариото за „Magnum Force“, вториот дел од серијалот за Валканиот Хари. Во 1974 година со режирал својот прв филм „Thunderbolt and Lightfoot“, акциона комедија со Клинт Иствуд и Џеф Бриџис во главните улоги. Сепак, славата ја стекнал со филмот „Ловец на елени“, кој се смета за еден од најзначајните американски филмови од 1970-тите. Филмот добил пет награди „Оскар“, а Чимино се здобил со можноста да снима високобуџетски филмови. Како резултат на тоа, во 1980 година го режирал филмот „Порта на рајот“, епски вестерн којшто се смета за едно од најголемите комерцијални фијаска во историјата на филмот, со што го турнал студиото „Јунајтед артистс“ (United Artists) во стечај. Потоа, Чимино снимил уште четири филма, а напишал и околу 20 сценарија кои останале нереализирани, а во 1996 година се повлекол од филмот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ѓорѓи Јаневски, „Мајкл Чимино (1939 – 2016)“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 104-105.