Марија Домбровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Домбровска
Марија Домбровска
Роден/а6 октомври 1889(1889-10-06)
Русув
Починат/а19 мај 1965(1965-05-19) (возр. 75)
Варшава, НР Полска
Јазикполски
НационалностПолјачка
Значајни делаНоќи и денови“ (Noce i dnie)

Марија Домбровска (мом. Шумска; полски: Maria Dąbrowska; 6 октомври 1889 во Русув19 мај 1965 во Варшава) — полска писателка, романописец, есеист, новинар и драматург,[1] која го напишала познатиот полски историски роман „Ноќи и денови“ (Noce i dnie) помеѓу 1932 и 1934 година во четири одвоени книги. На основа на романот бил направен филм со истиот наслов во 1975 година од Јежи Антчак.[2] Домбровска била наградена со престижната награда „златен ловор“ на Полската академија на книжевноста во 1935 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Домбровска е родена во Русув, близу Калиш, во средишна Полска, под царска воена контрола.[2] Нејзините родители припаѓале на осиромашеното земјоделско благородништво. Марија страдала од езотропија поради што има изглед на „искривени очи“. Студирала социологија и природни науки во Лозана и Брисел, а од 1917 година живееле во Варшава. Заинтересирана во книжевноста и политиката, се посветила себеси да помогне на оние родени во сиромаштија. Во меѓувоениот период, Домбровска привремено работела во полското министерство за земјоделство, додека сè повеќе навлегувала во известување за весници и јавниот живот. Во 1927 година била вклучена во написи околу човековите права. Во нејзините романи, театарски претстави и статии во весниците ги анализирала психолошките последици на тешкиот живот на обичните граѓани.

Марија се омажила за Маријан Домбровски, кој умрел ненадејно кога таа имала 36 години. Нејзин долгогодишен партнер бил 19 години постариот Станислав Стемповски, со кого имала вонбрачни односи до отпочнувањето на Втората светска војна.[2] Во текот на окупацијата на Полска останала во Варшава и го поддржувала културниот живот на полското подземје. Во тоа време ги сретнала Ана и Јежи Ковалски, писатели и партнери. Тие имале дете во 1946 година, но Јежи умрел ненадејно во 1948 година. Двете жени останале во врска следните 20 години, иако Марија се обидела да ја омажи Ана повторно. Домбровска го добила Орденот за преродба на Полска во сталинистичко време. Умрела во 1965 година на 75 години во Варшава.[2]

Превод во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија издаден е нејзиното ремек-дело во три тома „Ноќи и денови“, кое било преведено од страна на Петре Наковски.[3]

Дела[уреди | уреди извор]

  • „Деца на татковината“ (Dzieci ojczyzny, 1918)
  • „Гранка на црешна“ (Gałąź czereśni, 1922)
  • Uśmiech dzieciństwa, 1923
  • Ludzie stamtąd, 1926
  • „Ноќи и денови“ (Noce i dnie, 1932-1934)
  • „Знаци на живот“ (Znaki życia, 1938)
  • Gwiazda zaranna, 1955

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marcel Cornis-Pope, John Neubauer, History of the Literary Cultures of East-Central Europe: Types and stereotypes. Page 488. Benjamins Publishing, 2010. ISBN 90-272-3458-2.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Кшиштоф Томасик (19 октомври 2009). „Fragment książki "Homobiografie". Krzysztof Tomasik, Homobiografie, Wydawnictwo Krytyki Politycznej, Warszawa 2008 (полски). Polityka.pl. Посетено на 17 ноември 2012. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. Наковски, Петре (18 март 2006). „Петре Наковски награден за преведувачки опус“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 25 април 2016.[мртва врска]