Мануела Саенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дона Мануела Саенс
Libertadora del libertador
носејќи го медалот Орден на Сонцето
Роден(а)27 декември 1797(1797-12-27)
Кито, Вицекралство Нова Гранада (Денешен Еквадор)
Починал(а)23 ноември 1856(1856-11-23) (возр. 58)
Пајта, Перу
ЗанимањеРеволуционер и шпион

Дона Мануела Саенс (27 декември 1797 - 23 ноември, 1856) била револуционерен херој на Јужна Америка.

Оставајќи го нејзиниот сопруг во 1822 година, таа наскоро почна осумгодишна соработка и интимна врска со Боливар, која траеше сè до неговата смрт во 1830 година. Таа ја поддржувала револуционерната кауза со собирање на информации, дистрибуција на летоци, и протестирајќи за правата на жените. Откако го спречила обидот за атентат врз него во 1828 и го олеснила неговото бегство, Боливар почна да ја нарекува "Libertadora del libertador" ("ослободителката на ослободителот"), и таа била прославена и добила многу почести. За многу години по нивната смрт, нивните придонеси за револуциите во Јужна Америка биле потиснати, и покрај тоа што оние на Боливар биле популизирани една деценија подоцна и тој го врати статусот на херој, улогата на Мануела генерално била занемарувана до крајот на 20 век.