Македонски тажачки песни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонските тажачки песни односно тажаленки се лирски обредни песни (трени) со епски елементи, составен дел на култот кон покојниците. Создавани се главно од жени, како неразделен дел од погребниот ритуал.[1] Некогаш ги исполнуваат интерпретаторки што не се во роднински врски со покојниот, а има случаи и на професионални тажачки. Во нив се регистрирани многу настани од минатото, од насилства и војни до болести, епидемии и несреќи.[2] Посебно интересни се записите на Марко Цепенков, кои по многу нешто имаат печат на неговата лична творечка итервенција.[3]

Примери[уреди | уреди извор]

Леле, синко, ти Ордане,
леле, чедо, што ме најде,
што никого не го нашло –
како мене што ме нашло,
да ми умре мојто чедо,
нити болно, ни неолно,
на здрао и на читао,
ни еден ден не лежано!
Леле, синко, ти Ордане,
како стори што ми умре,
од катнико што изваде...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марко Китевски, Македонска народна лирика, (Обредни песни), Скопје, 1997.
  2. Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988;
  3. Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, книга прва, Народни песни. Редактирал д-р Кирил Пенушлиски, соработник Блаже Петровски, Скопје, 1972;

Поврзано[уреди | уреди извор]