Магнезиум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магнезиум  (12Mg)
Спектрални линии на магнезиумот
Општи својства
Име и симболмагнезиум (Mg)
Изгледсјајна сива
Магнезиумот во периодниот систем
Водород (двоатомски неметал)
Хелиум (благороден гас)
Литиум (алкален метал)
Берилиум (земноалкален метал)
Бор (металоид)
Јаглерод (повеќеатомски неметал)
Азот (двоатомски неметал)
Кислород (двоатомски неметал)
Флуор (двоатомски неметал)
Неон (благороден гас)
Натриум (алкален метал)
Магнезиум (земноалкален метал)
Алуминиум (слаб метал)
Силициум (металоид)
Фосфор (повеќеатомски неметал)
Сулфур (повеќеатомски неметал)
Хлор (двоатомски неметал)
Аргон (благороден гас)
Калиум (алкален метал)
Калциум (земноалкален метал)
Скандиум (преоден метал)
Титан (преоден метал)
Ванадиум (преоден метал)
Хром (преоден метал)
Манган (преоден метал)
Железо (преоден метал)
Кобалт (преоден метал)
Никел (преоден метал)
Бакар (преоден метал)
Цинк (преоден метал)
Галиум (слаб метал)
Германиум (металоид)
Арсен (металоид)
Селен (повеќеатомски неметал)
Бром (двоатомски неметал)
Криптон (благороден гас)
Рубидиум (алкален метал)
Стронциум (земноалкален метал)
Итриум (преоден метал)
Циркониум (преоден метал)
Ниобиум (преоден метал)
Молибден (преоден метал)
Технециум (преоден метал)
Рутениум (преоден метал)
Родиум (преоден метал)
Паладиум (преоден метал)
Сребро (преоден метал)
Кадмиум (преоден метал)
Индиум (слаб метал)
Калај (слаб метал)
Антимон (металоид)
Телур (металоид)
Јод (двоатомски неметал)
Ксенон (благороден гас)
Цезиум (алкален метал)
Бариум (земноалкален метал)
Лантан (лантаноид)
Цериум (лантаноид)
Празеодиум (лантаноид)
Неодиум (лантаноид)
Прометиум (лантаноид)
Самариум (лантаноид)
Европиум (лантаноид)
Гадолиниум (лантаноид)
Тербиум (лантаноид)
Диспрозиум (лантаноид)
Холмиум (лантаноид)
Ербиум (лантаноид)
Тулиум (лантаноид)
Итербиум (лантаноид)
Лутециум (лантаноид)
Хафниум (преоден метал)
Тантал (преоден метал)
Волфрам (преоден метал)
Рениум (преоден метал)
Осмиум (преоден метал)
Иридиум (преоден метал)
Платина (преоден метал)
Злато (преоден метал)
Жива (преоден метал)
Талиум (слаб метал)
Олово (слаб метал)
Бизмут (слаб метал)
Полониум (слаб метал)
Астат (металоид)
Радон (благороден гас)
Франциум (алкален метал)
Радиум (земноалкален метал)
Актиниум (актиноид)
Ториум (актиноид)
Протактиниум (актиноид)
Ураниум (актиноид)
Нептуниум (актиноид)
Плутониум (актиноид)
Америциум (актиноид)
Кириум (актиноид)
Берклиум (актиноид)
Калифорниум (актиноид)
Ајнштајниум (актиноид)
Фермиум (актиноид)
Менделевиум (актиноид)
Нобелиум (актиноид)
Лоренциум (актиноид)
Радерфордиум (преоден метал)
Дубниум (преоден метал)
Сиборгиум (преоден метал)
Бориум (преоден метал)
Хасиум (преоден метал)
Мајтнериум (непознати хемиски својства)
Дармштатиум (непознати хемиски својства)
Рендгениум (непознати хемиски својства)
Копернициум (преоден метал)
Нихониум (непознати хемиски својства)
Флеровиум (слаб метал)
Московиум (непознати хемиски својства)
Ливермориум (непознати хемиски својства)
Тенесин (непознати хемиски својства)
Оганесон (непознати хемиски својства)
Be

Mg

Ca
натриуммагнезиумалуминиум
Атомски број12
Стандардна атомска тежина (Ar)24,305[1] (24,304–24,307)[2]
Категорија  земноалкален метал
Група и блокгрупа 2 (земноалкални), s-блок
ПериодаIII периода
Електронска конфигурација[Ne] 3s2
по обвивка
2, 8, 2
Физички својства
Фазацврста
Точка на топење923 K ​(650 °C)
Точка на вриење1.363 K ​(1.091 °C)
Густина близу с.т.1,738 г/см3
кога е течен, при т.т.1,584 г/см3
Топлина на топење8,48 kJ/mol
Топлина на испарување128 kJ/mol
Моларен топлински капацитет24,869 J/(mol·K)
парен притисок
P (Pa) 1 10 100 1 k 10 k 100 k
при T (K) 701 773 861 971 1.132 1.361
Атомски својства
Оксидациони степени+2, +1[3] ​(силна базичен оксид)
ЕлектронегативностПолингова скала: 1,31
Енергии на јонизацијаI: 737,7 kJ/mol
II: 1.450,7 kJ/mol
II: 7.732,7 kJ/mol
(повеќе)
Атомски полупречникемпириски: 160 пм
Ковалентен полупречник141±7 пм
Ван дер Валсов полупречник173 пм
Color lines in a spectral range
Спектрални линии на магнезиум
Разни податоци
Кристална структурашестаголна збиена (шаз)
Кристалната структура на магнезиумот
Брзина на звукот тенка прачка4.940 м/с (при с.т.) (кален)
Топлинско ширење24,8 µм/(m·K) (при 25 °C)
Топлинска спроводливост156 W/(m·K)
Електрична отпорност43,9 nΩ·m (при 20 °C)
Магнетно подредувањепарамагнетно
Модул на растегливост45 GPa
Модул на смолкнување17 GPa
Модул на збивливост45 GPa
Поасонов сооднос0,290
Мосова тврдост1–2,5
Бринелова тврдост44–260 MPa
CAS-број7439-95-4
Историја
Наречен поСпоред Магнезија, Грција
ОткриенЏозеф Блак (1755)
Првпат издвоенХамфри Дејви (1808)
Најстабилни изотопи
Главна статија: Изотопи на магнезиумот
изо ПЗ полураспад РР РЕ (MeV) РП
24Mg 78,99 % 24Mg е стабилен со 12 неутрони
25Mg 10,00 % 25Mg е стабилен со 13 неутрони
26Mg 11,01 % 26Mg е стабилен со 14 неутрони
| наводи | Википодатоци

Магнезиумхемиски елемент во периодниот систем кој го има симболот Mg и атомскиот број 12. Атомската маса му изнесува 24,31. Магнезиумот е осмиот најраспространет елемент од кој се состои Земјината кора (околу 2%) по тежина и е третиот најброен елемент кој е растворен во морската вода. Магнезиумовиот јон е есенцијален за сите живи клетки. Слободниот елемент (метал) не се наоѓа во природата. Откога еднаш ќе се произведе од магнезиумовите соли, овој земноалкален метал се користи најчесто како легура средство за припрема на алуминиум-магнезиумови легури. Понекогаш се нарекува "магналиум" или "магнелиум".

Изотопи[уреди | уреди извор]

26Mg е стабилен изотоп кој наоѓа примена во изотопната геологија, сличен на тој на алуминиумот. 26Mg е радиоген ќеркин производ на 26Al, кој има полураспад од 717.000 години. Аномалната преголема присутност на 26Mg се должи на распаѓањето на неговиот родител 26Al во инклузиите на некои метеорити. Така, метеоритот мора да се формира во сончевата маглина пред изотопот 26Al да се распадне. Поради тоа, овие фрагменти се меѓу најстарите објекти во сончевиот Систем кои имаат зачувано информации за неговата рана историја.

Поважни одлики на елементот и неговите соединенија[уреди | уреди извор]

Прскање на изгрен магнезиум со вода.
Горење на магнезиум и други метали во воздух.

Елементарниот магнезиум е доста силен, сребренобел, лесен метал (две третини од густината на алуминиумот). Тој малку потемнува кога е изложен на воздух, иако за разлика од алкалните метали, чувањето во слободна кислородна околина е непотребно бидејќи магнезиумот е заштитен со тенок слој на оксид кој е доста непропуслив и тешко се отстранува. Како неговиот подолен сосед од групата, калциумот, магнезиумот реагира со водата на собна температура, но побавно отколку него. Кога е потопен во вода, речиси незабележливо ќе се образуваат водородни меурчиња на површината на овој метал, но кога е во прав, магнезиумот ќе реагира многу побрзо. Оваа хемиска реакција ќе се одвива побрзо на повисоки температури. Магнезиумот е високо запалив метал, но додека е лесно тој да се запали (усвити) кога е во прав или во тенки ленти, дотолку потешко се запалува кога е застапен во поголема маса. Кога е запален тој тешко се гаси и е способен да гори и во азот (при што формира магнезиум нитрид) и во јаглерод диоксид (при што формира магнезиум оксид и јаглерод).

Кога магнезиумот гори во воздух произведува брилијантна бела светлина. Ова порано се користело во фотографијата, кога магнезиумовиот прав се користел како извор на илуминација (светлосен прашак). Подоцна, магнезиумовите ленти се користеле во електричните светилки. Магнезиумовиот прав сè уште се употребува во производството на пиротехники и морските светилници, за каде е потребна брилијнатна бела светлина.

Кога од магнезиумот сјае бела светлина, тој има многу хемиски својства кои не ги поседува на пониски температури. Тој исто така постанува потоксичен, иако ова е од мало практично значење, бидејќи самата висока температура при која тој сјае превенира контакт со човекот.

Обично магнезиумовите соединенија се бели кристали. Повеќето од нив се растворливи во вода, овозможувајќи го горкиот вкус на магнезиумовиот јон Mg2+. Мали количества на растворен магнезиумов јон придонесуваат за киселиот вкус на природните води. Магнезиумовиот јон во големи количества е јонски лаксатив, па затоа магнезиум сулфатот понекогаш се употребува за оваа намена. Т.н. магнезиумово млеко е водна суспензија на еден од неколкуте нерастворливи магнезиумови соединенија - магнезиум хидроксид; нерастворените честички даваат значење на името. Магнезиумовоото млеко е блага база и често се користи како антацид.

Соединенија во живите организми[уреди | уреди извор]

Магнезиумовиот јон е есенцијален за градбата на нуклеинските киселини, а со тоа и за сите клетки на сите живи организми. Растенијата имаат дополнителна количина на магнезиум во себе, со тоа што хлорофилите се магнезиум-центрирани порфирини. Многу ензими не можат да дејствуваат без присуство на магнезиум јоните при катализата, особено оние кои се користат за синтеза на ATP, или тие кои користат други нуклеотиди за синтеза на ДНК или РНК.

Магнезиумовата дефициенција (недостаток) кај луѓето била прво опишана во медицинската литература од 1934. Дневната потреба за магнезиум кај возрасни луѓе (што зависи од повеќе фактори, како полот, тежината и висината) изнесува 300-400 mg/ден. Несоодветен внес на магнезиум доведува до мускулни грчеви и се поврзува со кардиоваскуларните болести, дијабетесот, високиот крвен притисок, анксиозноста и остеопорозата. Акутниот недостаток (види хипомагнеземија) е ретка и е почеста како спореден ефект при употребата на лекови (како при употребата на антидиуретици).

Магнезиумовите соли (обично во форма на магнезиум сулфат или хлорид) се користат во терапевтски цели за бројни медицински состојби, особено при хипертензијата на еклампзијата. Магнезиумот се апсорбира од страна на телото од секоја магнезиумова сол (околу 30 до 40%), како што се хлоридите или цитратите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Conventional Atomic Weights 2013. Commission on Isotopic Abundances and Atomic Weights
  2. Standard Atomic Weights 2013. Commission on Isotopic Abundances and Atomic Weights
  3. Bernath, P. F.; Black, J. H.; Brault, J. W. (1985). „The spectrum of magnesium hydride“ (PDF). Astrophysical Journal. 298: 375. Bibcode:1985ApJ...298..375B. doi:10.1086/163620.