Лужица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статијава се однесува на област во Средна Европа. За селото во Егејска Македонија, погл. Лужица (Берско).
Географска положба на Лужица

Лужица (германски: Lausitz, горнолужички: Łužica, долнолужички: Łužyca, полски: Łużyce, чешки: Lužice) — историска област во Средна Европа. Се протега од реките Бубр и Квиса на исток до долината на Елба на запад, денес сместена во рамките на германските покраини Саксонија и Бранденбург, како и во Долношлеското и Лубушкото Војводство во западна Полска. По освојувањето на источна Германија од Црвената армија и поделбата во 1945, источниот дел на Лужица долж реката Лужичка Ниса припаднал на Полска.

Името потекнува од лужичкиот збор luzicy, кој означува „мочуришта“.

Поважни населени места[уреди | уреди извор]

Поважни градови и гратчиња во Лужица се:

Горна Лужица: Бауцен, Герлиц, Цитау, Лебау, Каменц, Лубањ, Бишофсверда, Хернхут, Хојерсверда и Бад Мускау.
Долна Лужица: Котбус, Ајзенхитенштат, Либен, Либенау, Шпремберг, Финстервалде, Зенфтенберг и Жари.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]