Лудвик Данек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лудвик Данек
Лични податоци
Роден(а)6 јануари 1937(1937-01-06)
Бланско, Чехословачка
Починал(а)15 ноември 1998(1998-11-15) (возр. 61)
Хутиско-Соланец, Чешка
Висина&100000000000000019299991,93 м
Тежина123 kg (271 lb)
Спорт
ЗемјаЧешка Чехословачка
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлање диск
Успеси и титули
Лични рекорди67.18 метри (1974 г.)

Лудвик Данек (чешки изговор: [ˈludviːk ˈdaɲɛk]) (6 јануари 1937 во Бланско – 15 ноември 1998 во Хутиско-Соланец близу Всетин) — чехословачки фрлач на диск, кој освоил златен медал на Летните олимписки игри 1972 со резултат од 64,40 метри.

Данек се натпреварувал на четири Летни олимпијади за Чехословачка, освојувајќи сребрен медал во 1964, бронзен медал во 1968 и златен медал во 1972. Тој поставил три светски рекорди во фрлање диск, од 64.55 метри во 1964 година, 65.22 метри во 1965 година и од 66.07 метри во 1966 година. Тој исто така освоил два медали на европските првенства, златен во Хелсинки во 1971 година и сребрен во Рим во 1974 година.[1]

Големи натпреварувања[уреди | уреди извор]

Год. Првенство Место Дисциплина Позиција Резултат
1962 Европско Југославија Белград Фрлање диск 52,12 метри
1964 Олимпијада Јапонија Токио Фрлање диск Втор 60,52 метри
1966 Европско Унгарија Будимпешта Фрлање диск 56,24 метри
1968 Олимпијада Мексико Град Мексико Фрлање диск Трет 62,92 метри
1969 Европско Грција Атина Фрлање диск 59,30 метри
1971 Европско Финска Хелсинки Фрлање диск Прв 63,90 метри
1972 Олимпијада Германија Минхен Фрлање диск Прв 64,40 метри
1974 Европско Италија Рим Фрлање диск Втор 62,76 метри
1976 Олимпијада Канада Монтреал Фрлање диск 61,28 метри

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ludvik Danek Архивирано на 27 мај 2011 г.. Sports Reference. Посетено на 2 јуни 2013.
Рекорди
Претходник
САД Ал Ертер
Светски рекордер во фрлање диск
2 август 1964 – 25 мај 1968
Наследник
САД Џеј Силвестер
Претходник
СССР Владимир Трусењев
Европски рекордер во фрлање диск
10 мај 1964 – 21 септември 1969
Наследник
Шведска Рики Брух