Лесниц

Координати: 50°37′17″N 12°43′54″E / 50.62139° СГШ; 12.73167° ИГД / 50.62139; 12.73167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лесниц
Административна зграда во Лесниц
Административна зграда во Лесниц
Административна зграда во Лесниц
Грб на Лесниц
Лесниц во рамките на Германија
Лесниц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градоначалник Готхард Трол
Основни податоци
Површина 30,54 км2
Надм. височина 422 м
Население 8.074 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 264 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08294
Повик. бр. 03771
Местоположба на градот Лесниц во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°37′17″N 12°43′54″E / 50.62139° СГШ; 12.73167° ИГД / 50.62139; 12.73167

Бергштат Лесниц (германски: Bergstadt Lößnitz, „Планински град Лесниц“, или само Лесниц) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Неговото име доаѓа од словенско потекло lesnice, што значи „шумско место“.

Географија[уреди | уреди извор]

Лесниц е мал град во западниот дел на Рудните Планини, сместен помеѓу шумските планински масиви, на 432 метри надморска височина. Се наоѓа 4 километри североисточно од Ауе и 27 километри југозападно од Кемниц.

Составни делови[уреди | уреди извор]

Лесниц има шест делови (Ortsteile), именувани Афалтер (од 1999), Дитерсдорф (од 1973), Грина (од 1974, составна единица на Афалтер), Драјханзен (независна единица од 1791), Нидерлесниц (од 1898) и Штрајтвалд (од 1939, составна единица на Афалтер).

Историја[уреди | уреди извор]

Лесниц бил основан од грофовите (Burggrafen) на Мајсен во 1170 и во документ од 1284 бил опишан како Civitas. Меѓутоа, првото документирано спомнување дошло во 1238, во кое бил именуван како „Лесниц, шумското место“.

Раната историја на Лесниц е некако шпекулативна. Учителот бил спомнат во градот уште во 1304, на пример, што доведува до заклучок дека латинските училиште во Лесниц веќе биле таму. Слично, првиот познат градоначалник, Херман фон Бутен се појавува во градската историја во 1372, доведувајќи до понатамошни шпекулации дека морало да постои и градското собрание во тоа време.

Во 1382, Лесниц бил означен како Bergstadt, а една година подоцна, целиот град изгорел. Во 1406, грофот Шенбург го стекнал Грофовијата Хартенштајн и го направил Лесниц негово седиште.

Во 1542, била воведена реформацијата. Во 1601, се појавило градското собрание, кое било довршено шест години подоцна. Меѓутоа, сето тоа било загубени, заедно со црквата, парохиската зграда, училиштето и 108 куќи во „Rote Ruhr“ („Црвени дизентерија“, име дадено на овој градски пожар). Во годините што следеле, градот морал да се справува со грабежи, чума и уште еден пожар.

Во 1714 била осветена барокната Hospitalkirche („Болничка црква“). Градските пожари не биле помалку необично и во овие денови, и на 10 декември 1806 се случил уште еден пожар, притоа повторно губејќи ги градското собрание, парохиската зграда и училишето, како и средновековната црква St. Johanniskirche, пиварницата, 182 куќи и 16 плевни. Градот се повратил од пожарот, но три години подоцна, повторно избувнал пожар, овојпат започна од удар на гром. Биле уништени 104 куќи, 26 од нив биле обновена по последниот пожар. На 29 октомври 1826 била осветена новата црква, Haupt- und Stadtkirche St. Johannis. Понатаму во Лесниц имало уште пожари, во кои била уништена барокната Hospitalkirche.

Откако од градот се откажала династијата Шенбург, во 1861 дошол Fürstlich Schönburgische Justizamt Stein, и во истата година, била осветена новата Hospitalkirche. Кога кнежевството Шенбург било преземено од Кралството Саксонија во 1878, на Лесниц му бил доделен Амтски суд на Кралството Саксонија, кој опстојал до 1931.

Во 1917, ѕвоната на двете цркви St. Johanniskirche и Hospitalkirche биле отстранети поради воени причини, но само три години подоцна, биле повторно вратени. Во 1939, ѕвоната се состоеле од 23 поединечни ѕвона поставени во куполата на црквата.

На 20 април 1945, заменикот градоначалник на градот Рудолф Вебер, кој барал да се предаде градот на Американците без борба, бил убиен од германските војници. Помеѓу 1985 и 1992, се изградила нова голема станбена единица, каде денес живее скоро половина од градското население.

Во 1999, дошло до припојување на селото Афалтер.

Население[уреди | уреди извор]

Следниве бројки за населението се однесуваат на 31 декември во дадената година.

1982 до 1988

  • 1982 − 8.876
  • 1983 − 8.780
  • 1984 − 8.724
  • 1985 − 8.648
  • 1986 − 8.500
  • 1987 − 8.484
  • 1988 − 10.205

1989 до 1995

  • 1989 − 11.620
  • 1990 − 12.270
  • 1991 − 12.951
  • 1992 − 13.098
  • 1993 − 13.056
  • 1994 − 12.801
  • 1995 − 12.555

1996 до 2002

  • 1996 − 12.302
  • 1997 − 12.041
  • 1998 − 11.760
  • 1999 − 11.527
  • 2000 − 11.262
  • 2001 − 11.068
  • 2002 − 10.769

2003 до 2006

  • 2003 − 10.601
  • 2004 − 10.479
  • 2005 − 10.374
  • 2006 − 10.184
Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

Нидерлесниц[уреди | уреди извор]

Денешната составна единица Нидерлесниц („Долен Лесниц“) првично била земјоделско село низводно од каде што Аубах се влева во Лесницбах. Првото именување на заедницата се случило во 1497, кога бил познат како Niderlesenitzs. Околу 100 години подоцна, заедницата броела 6 земјопоседници. Еден имот бил ослободен и служел како ловиште на грофот. А. Шуман спомнал во 1820 во неговиот Lexikon две воденици и фабрика за хартија. Меѓутоа, фабриката за хартија, која наводно некогаш била топилница и ковачница, изгорела во 1808 и никогаш не била обновена. Кон крајот на 19 век, железничката линија помеѓу Цвениц и Ауе, на која долната железничка станица била изградена подоцна, започнала со работа. Откако била изградена станицата, се случил определен пораст на станбениот и индустрискиот развој, доведувајќи до припојување на Нидерлесниц со Градот Лесниц во 1898.

Политика[уреди | уреди извор]

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот на Лесниц го покажува црниот крст на Свети Андреј (грбот на замокот на грофовите од Мајсен, основачи на градот) на жолта позадина. Крстот е опкружен од три кули поставени на стилизиран ѕид на црвена позадина. Ѕидот и кулите се однесуваат на поранешните бедеми; трите кули ги симболизираат трите поранешни градски порти.

Партнерство[уреди | уреди извор]

Од 1991, градот има партнерски врски со вестфалскиот град Боргхолцхаузен.

Згради[уреди | уреди извор]

St. Johanniskirche
  • Стариот град
  • Делови на поранешниот градски ѕид („Rösselturm“)
  • Градско собрание од 1601
  • St. Johanniskirche со ѕвона. Црквата St. Johanniskirche е најголемата неокласична црква во Рудните Планини.[2]

Фестивали и пазари[уреди | уреди извор]

  • Неделен пазар секој четврток
  • Dorffest Draffaller (Селски фестивал)
  • Lößnitzer Salzmarkt (Пазар за сол, третиот викенд во јуни)
  • Naturmarkt (во септември)
  • Божиќен пазар (Advent)

Економија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лесниц со векови бил важен регионален економски центар со пазарни права. Со ширењето на индустријализацијата, која започнала околу 1850, Лесниц станал еден од најважните индустриски центри во западните Рудни Планини. Важни бизниси се среќаваат во чевларството, машинската индустрија, текстилот и металопреработувачката. Исто така, извесно време за градот било важно и рударството. Германското обединување донело големи промени во регионот доведувајќи до загуба на голем дел од локалната индустрија.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Bundesstraße 169 води низ територијата на градот. Најблиската раскрсница за Autobahn, со Bundesautobahn 72, се во Хартенштајн и Штолберг.

Лесниц се наоѓа на железничката линија помеѓу Хемниц и Ауе (Zwönitztalbahn) и има две железнични станици, наречени Oberer Bahnhof и Unterer Bahnhof – горна и долна станица. Возовите се управувани од Erzgebirgsbahn, подружница на Deutsche Bahn AG. За локалниот сообраќај - автобускиот сообраќај од и до Лесниц - се грижи сообраќајното претпријатие Verkehrsverbund Mittelsachsen.

Додатна литература[уреди | уреди извор]

  • Akademie der Wissenschaften der DDR, Institut für Geographie und Geoökologie, Arbeitsgruppe Heimatforschung; Werte unserer Heimat; Heimatkundliche Bestandsaufnahme in der Deutschen Demokratischen Republik; Band 31; Zwischen Zwickauer Mulde und Geyerschem Wald; Akademie-Verlag Berlin, 1980.
  • Schumann, A.; Schiffner, A.: Vollständiges Staats-, Post- und Zeitungslexikon. Bände 1-18. Zwickau 1814-1833

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. Страница на локалната лутеранска парохија: http://www.kirche-loessnitz.de

Надворешни врски[уреди | уреди извор]