Лере (Долна Саксонија)

Координати: 52°19′0″N 10°40′0″E / 52.31667° СГШ; 10.66667° ИГД / 52.31667; 10.66667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лере
Општинското собрание во Лере
Општинското собрание во Лере
Општинското собрание во Лере
Грб на Лере
Лере во рамките на Германија
Лере
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Месни единици 8
Градоначалник Андреас Буш (независен)
Основни податоци
Површина 71,57 км2
Надм. височина 80 м
Население 12.078 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 169 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38165
Повик. бр. 05308, 05309
Портал www.lehre.de
Местоположба на Лере во рамките на округот Хелмштет
Карта
Карта
Координати 52°19′0″N 10°40′0″E / 52.31667° СГШ; 10.66667° ИГД / 52.31667; 10.66667

Лере (германски: Lehre) — општина во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 13 километри југозападно од Волфсбург и околу 12 километри од Брауншвајг.[2]

Своето име, општината го добила на 10 јуни 888 година[3] и е составена од осум околни села: Бајенроде, Есехоф, Есенроде, Флехторф, Грос Брунсроде, Клајн Брунсроде, Лере и Вендхаузен.[4]

Географија[уреди | уреди извор]

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Лере се граничи со следниве градови и општини (надесно почнувајќи од север):

Општински единици[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Кампшти

Во 1934 година започнала изградбата на воениот институт во шумата Кампшти, 2,4 километри источно од Лере. Биле изградени повеќе од 100 објекти на површина од 255 хектари и биле поврзани со железница. Институтот произведувал муниција за пешадиско оружје, антитенковски мини, оклопи за тенкови и артилериски пушки. До февруари 1945 година биле пренесени 6.000 тони хемиско оружје до институтот. Не бил бомбардиран во текот на Втората светска војна и до крајот на војната, повеќето од овие оружја останале на местото. Во 1945 година, во шумата имало и руски воени заробеници. На 11 април 1945 година, областа била ослободена од американската војска и воениот институт бил окупиран без отпор. Во средината на 1945 година, областа била предадена на британската војска, кои имале присуство до 1951 година. Денес, многу од првичните градби сѐ уште постојат и некои се во употреба.[5]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патен[уреди | уреди извор]

Лере се наоѓа на покраинскиот пат Л295, кој обезбедува пристап со автопатот А2 и А39.

Железнички[уреди | уреди извор]

Железничкиот сообраќај во Лере започнал во 1904 година, поврзувајќи го Брауншвајг со Фалерслебен. Оваа линија официјално била укината во 1998 година по отворањето на кругот Ведел, кој ги поврзува Волфсбург и Брауншвајг, одминувајќи го Лере.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Ветерница Вендхаузен
  • Зоолошка градина Есехоф
  • Дворец Есенроде — дворец изграден во доцен барокен стил во 1738 година
  • Црква „Св. Крст“ — историска црква од XIII век во Лере
  • Замок Вендхаузен — воден замок од XVII век[6]
  • Ветерница Вендхаузен — голема ветерница во холандски стил

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „A I 2 Bevölkerung der Gemeinden am 30. Juni 2010“. Statistische Berichte Niedersachsen. јуни 2010. Посетено на 16 јуни 2011.
  3. Вилхелм Книге. „Die Ortschaft Lehre - Kurzchronik“. Посетено на 18 јуни 2011.
  4. Герд Мелхиор (16 октомври 2009). „Municipality of Lehre“. Chain.to. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на 18 јуни 2011.
  5. „Die Heeresmunitionsanstalt Lehre“. Relikte in Niedersachsen und Bremen. Посетено на 29 април 2015.
  6. „Lehre — Some Memories Last Longer Than A Box Of Chocolate“. MyGermanCity.com. Посетено на 16 јуни 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]