Леоне Бартон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Леоне Мина Бартон (англиски: Leone Minna Burton; родена Голд; 14 септември 1936 - 1 декември 2007) била професорка по образование по математика и наука на Универзитетот во Бирмингем.

Образование[уреди | уреди извор]

Таа го посетувала Универзитетот во Лондон, проучувајќи го образованието со фокус на наставата по математика. Започнала да предава на средно ниво, но не ја сакала образовната структура и методите на денот па се преместила за да одржува наставата на примарно ниво, за да има поголема можност за промена на наставната структура. Таа добила пост-дипломски сертификат за образование во 1966 година и една академска диплома за образованието во 1968 година, и двете од Универзитетот во Лондон. Во 1967 година добила пост како специјалист по математичко образование во колеџот за образование Бетерси, кој е посветен за подготовката на наставниците. Докторирала од Институтот за образование во 1980 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Нејзиното истражување го вклучувало она што сега се нарекува област на етноматематиката, која испитува како математиката е поврзана со културата во која е таа развиена.

Била гостувачки професор во институциите во Азија. За 1984-1988 година таа била меѓународен претседател за Меѓународната Организација на Жените и Математичкото Образование. Таа ја основала монографската серија Меѓународна перспектива за математичко образование со издавачката група "Издаваштво Гринвуд" во 2001 година, која објавила три монографии помеѓу 2002-2006 година. Овие монографски серии подоцна биле преименувани во Меѓународните Перспективи за Математичкото Образование: Перцепција, Праведност и Општество, во чест на нејзината пионерска работа за праведност и родови прашања во математичкото образование, уредено од Барарат Срираман и Дона Форд, а објавено од Информејшн Ејџ Паблишинг.

Фамилија[уреди | уреди извор]

Се омажила со Џон В. Бартон во 1966 година и добиле син во 1968 година.

Наводи[уреди | уреди извор]