Лајпциг (округ до 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајпциг
Landkreis Leipziger Land

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
СедиштеБорна
Површина
 • Вкупна752 км2 (290 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно152,687
 • Густина200/км2 (530/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.L
Мреж. местоlandkreis-leipzigerland.de

Лајпциг (германски: Leipziger Land) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Делич, слободниот град Лајпциг, Мулдентал, Митвајда, округот Алтенбург во Тирингија и окрузите Бургенланд, Зале во Саксонија-Анхалт.

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на областа била под влијание на градот Лајпциг.

Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Лајпциг, Борна и Гајтхајн. Во август 2008 година, станал дел од новиот округ Лајпциг.

Географија[уреди | уреди извор]

Главна река во округот е Вајсе Елстер (Weiße Elster), која исто така тече низ градот Лајпциг. Областа јужно од Лајпциг претставува голема рударска област, пред сè за јаглен, која се планира да биде претворена во езера во блиска иднина. Исто така, јагленот ја прави областа, главна индустриска област во Источна Германија.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Лавот на десната страна е симбол на грофовите од Мајсен, вертикалните сини ленти долу се симбол на кметовите од Ландсберг. Обата симбола се исто така претставени и во грбот на градот Лајпциг. Лево е брановитата линија на зелена основа, која ја симболизира реката Вајсе Елстер.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Белен
  2. Борна
  3. Фробург
  4. Гајтхајн
  5. Гројцш
  6. Кицшер
  7. Корен-Залис
  8. Маркклеберг
  9. Маркранштет
  10. Пегау
  11. Регис-Брајтинген
  12. Рета
  13. Цвенкау
  1. Дојцен
  2. Елстертребниц
  3. Еспенхајн
  4. Ојлатал
  5. Гроспесна
  6. Кицен
  7. Лобштет
  8. Нарсдорф
  9. Нојкирицш

Надворешни врски[уреди | уреди извор]