Лауенбург (Елба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лауенбург
Поглед од Елба
Поглед од Елба
Поглед од Елба
Грб на Лауенбург
Лауенбург (Елба) во рамките на Германија
Лауенбург (Елба)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Војводство Лауенбург
Градоначалник Харалд Хојер
Основни податоци
Површина 9,54 км2
Надм. височина 49 м
Население 11.321 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.187 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RZ
Пошт. бр. 21481
Повик. бр. 04153
Местоположба на градот Лауенбург во рамките на округот Војводство Лауенбург
Карта
Карта
Координати 53°23′N 10°34′E / 53.383° СГШ; 10.567° ИГД / 53.383; 10.567Координати: 53°23′N 10°34′E / 53.383° СГШ; 10.567° ИГД / 53.383; 10.567

Лауенбург (Елба) (германски: Lauenburg/Elbe) — град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северниот брег на реката Елба, источно од Хамбург. Претставува најјужен град на покраината Шлезвиг-Холштајн. Градот е познат и под името Лауенбург на Елба. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Литау, иако самиот град не е дел од заедницата.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил основан во 1182 година од Бернард III, војвода на Саксонија, од Асканиската династија, наследник на војводата од Лауенбург. Помеѓу 1181 и 1182 година го изградил Ловенборх (Lowenborch), именуван по полапското име Лаве за реката Елба (слично со современиот чешки збор „Лабе“). Ловенборх станал име за целото место.

Замокот Лауенбург на крајот на XVI век

Саксо-Лауенбург било војводство до 1 јули 1876 година, кога било припоено кон пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн. Лауенбург служел како главен град на војводството до 1616 година, кога замокот бил запален. Во 1619 година, главниот град бил преместен во Рацебург. Областа на војводството била скоро иста како онаа на денешниот округ. Во средновековниот период бил попатна станица на Стариот пат на солта, додека денес е на јужниот крај на Каналот Елба-Либек.

По Наполеоновите војни, Лауенбург преминал од Прусија на Данска како размена на областа за Померанија.

Помеѓу 1945 и 1982 година, Лауенбург служел како западногерамснки граничен премин за автомобили на внатрегерманската граница за оние кои патувале долж А5 помеѓу советската окупациска зона (до 1949 година, подоцна Источна Германија или Западен Берлин и британската окупациска зона (до 1949 г.) и потоа Западна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите на меѓузонскиот сообраќај, пропишани со Транзитниот договор од 1972 година.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Лауенбург е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]