Кунлун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кунлун
昆仑山 / كۇئېنلۇن تاغ تىزمىسى
Западниот дел на Кунлун гледан од патот Тибет-Синѓанг
Највисока точка
ВрвКунлунска Божица
Надм. височина7167 м
Географија
Кунлун is located in Кина
Кунлун
Местоположба на Кунлун во Кина
ЗемјиКина
ПокраинаТибет, Ќингхај, Синѓанг
Координати36° N; 84° E / 36° СГШ; 84° ИГД / 36; 84Координати: 36° N; 84° E / 36° СГШ; 84° ИГД / 36; 84
Се граничи сопустина Гоби
Реката Каракаш по патот од Тибет за Синѓанг

Кунлун (кинески: 昆仑山, пинјин: Kūnlún Shān; ујгурски: كۇئېنلۇن تاغ تىزمىسى‎; тибетски: ཁུ་ནུ་རི་རྒྱུད།; монголски: Хөндлөн Уулс) — еден од најдолгите планински венци во Азија, со распон од 3.000 км. Во најширока смисла, ја бразува северната граница на Тибетската Висорамнина јужно од Таримската Котлина и коридорот Хесји, па продолжува источно од реката Веј, сè до крајот на Севернокинеската Низина.

Кај постарите извори[1] Кунлун е планинскиот појас што се протега низ средината на Кина Алтинтаг, самиот Кунлун во потесна смисла и венците Чилиен и Чин. Во поново време[2] се смета дека Кунлун ја сочинува јужната страна на Таримската Котлина и потоа продолжува на исток, јужно од Алтинтаг. Историчарот Сема Ќен[3] вели дека царот Хан Вуди (II и I век п.н.е.) испратил извидници за да го пронајдат изворот на Жолтата Река (Хоангхо) и таа планина ја нарекол Кунлун. Името веројатно потекнува од истоименото полумитско место во древното класично дело „Шанхај Ѓинг“ („Книга на планините и морињата“).

Географска положба[уреди | уреди извор]

Планините почнуваат од Памир во Таџикистан, па на исток, долж границата помеѓу автономните региони Синѓанг и Тибет, па до кинеско-тибетските венци во покраината Ќингхај.[4] Се протегаат по јужната граница на Таримската Котлина, кај пустините Такла Макан и Гоби. Од нив истекуваат повеќе важни реки, како што се Каракаш и Јурункаш, кои минуваат низ оазата Хотан и навлегуваат во Такла Макан.

Најабележителни планини во северниот дел се врвовите на Алтинтаг. Источниот дел е сочинет од планините со збирен назив Чилиен. Главен крај во јужниот дел е планината Мин. Во ова подрачје, кракот Бајан Хар ја образува вододелницата на сливовите на двете најдолги реки во Кина — Јангцекјанг и Хоангхо.

Највисока планина на Кунлун е Кунлунската Божица или Лиуше (7.167 м) во областа Керија. Во средиштето се наоѓа венецот Аркатаг, чија највисока планина е Улуг Мустаг.

Венецот е создаден на северниот раб на Кимерскаа Плоча, при нејзиното судрување со сибирското копно во доцниот тријас.

Во сета должина од 3.000 км, Кунлун го преминуваат само два пата — автопатот 219 од Јеченг за Лаце, Тибет. и автопатот 109 од Ласа за Голмуд.

Митологија[уреди | уреди извор]

Според верувањата на таоизмот, на Кунлун се наоѓа рајот. Него прво го посетил кралот Му (976-922 п.н.е.) од династијата Џоу, каде го открил жадовиот дворец на Жолтиот цар (Хуангди) — родоначалник на Кинезите. Во истото патување ја сретнал и култната божица Си Вангму („Кралицата-мајка на Западот“).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. L. Richard, 'Comprehensive Geography of the Chinese Empire', 1905
  2. National Geographic Atlas of China,2008
  3. Сема Ќен, Записи на историчарот, свиок 123
  4. КунлунЕнциклопедија „Британика“ (англиски) посет. 19 ноември 2009 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Информативен центар за Тибет Архивирано на 30 септември 2007 г. (англиски)
  • „Севернотибетска Висорамнина-Кунлун и планинска пустина“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)
  • Кунлун Архивирано на 8 април 2007 г. на портал за кинеската култура (англиски)