Ксенија Сидорова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ксенија Сидорова (18 мај 1988, Рига) - латвиска музичарка која свири на хармоника.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сидорова се родила во Рига, во 1988 година. На осумгодишна возраст започнала да учи да свири на хармоника, а дипломирала и магистрирала на Кралската академија за музика во Лондон, под менторство на професорот Овен Мареј.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Својот прв професионален настап Сидорова го одржала во 2009 година, во лондонскиот „Вигмор хол“ и веднаш била оценета како музичко откритие. Во 2012 година станала првиот добитник на меѓународната награда на фондацијата „Брин Терфел“. Во 2015 година настапила во познатата лондонска сала „Ројал Алберт хол“, по повод 50. роденден на познатиот велшки баритон Брин Терфел, каде заедно со Стинг ја извела песната „роксен“ на групата „Полис“. Сидорова настапувала со познатите музички имиња, како што се: Никола Бенедети, Милош Карадаглиќ, Хуан Диего Флорес, Томас Голд итн. Заедно со Ави Авитал и Итамар Доари таа е член на триото „Between Worlds“, со кое настапувала во Германија, Британија и во САД. Исто така, како солист настапувала со престижни симфониски оркестри ширум светот. Како признание на нејзиното творештво, Кралската академија за музика од Лондон ѝ доделила диплома за значаен придонес во музиката. На 1 декември 2016, во Домот на АРМ во Скопје, Сидорова го одржала концертот „Алхемија“, заедно со Македонската филхармонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Принцезата на хармоника, Ксенија Сидорова, првпат во Македонија“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 19.