Климент Александриски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Климент Александриски
Роден(а) 150, Атина, денешна Грција
Починал(а) 215-217
Почитуван(а) во Коптска православна црква, Римокатоличка црква, Англиканство
Слава 4 декември (Римокатоличка црква)

Свети Климент Александриски — еден од Апостолските отци и еден од најголемите ранохристијански учители.

Климент е роден околу 150 година, а неговото потекло се наоѓа во богатите и угледни слоеви на атинската аристократија. Имал исклучително добро и сестрано образование. Христијанството го примил во зрели години како и повеќето грчко-римски интелектуалци од тоа време. Се смета дека бил презвитер, теолог, знаменит учител, егзегет, полемичар, апологет и етичар на Александриската Црква. Заедно со Пантеном, неговиот учител, се јавува како основач на познатата богословска школа во Александрија.

За време на гонењето на христијаните од страна на Септимиј Север, свети Климент ја напуштил Александрија и избегал во Кесарија, а оттаму отишол во Антиохија. Се упокоил помеѓу 212 и 216 година надвор од Александрија во доброволно прогонство.

Негово најзначајно дело е “Голема трилогија” составено од “Протрептик” (Поттик) од коешто дело и објавуваме текст во оваа манастирска периодика, потоа “Педагог” и “Стромати”[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-01-07. Посетено на 2011-04-05.