Класификација на Конгресната библиотека

Од Википедија — слободната енциклопедија

Класификацијата на Конгресната библиотека (англ. Library of Congress Classification, LCC) — систем на библиотечна класифијација на Конгресната библиотека - државната библиотека на САД. Се користи од највеќето истражувачки и академски библиотеки во САД и неколку други земји како Австралија[1][2] и Тајван.[3] Највеќето јавни библиотеки и помалите академски библиотеки ја користат Дјуиевата децимална класификација (ДДК, т.е. DDC).[4]

Оваа класификација е создадена во 1897 г. од Херберт Патнам, кој ја разработил веднаш пред да стане библиотекар на Конгресот. Патнам ја осмислил класификацијата следејќи ги советите на истакнатиот библиотекар Чарлс Еми Катер и под влијание на Катеровата експанзивна класификација и ДДК. Предвидена е наменски за потребите на прибирањето и подредувањето на материјали во Конгресната библиотека. Ова бил нов систем, замена за дотогашниот „систем на утврдено место“ осмислен од Томас Џеферсон. Со заминувањето на Патнам во 1939, сите класи освен K (Право) и делови од B (Филозофија и Религија) биле добро развиени. Системот трпи критика дека нема солидна теоретска основа; класификацијата е оформена за да им служи на практичните потреби на библиотеката и не ги следи вообичаениот епистемолошки начела.

Иако предметите (темите) се делат во опширни категории, класификацијата во основа има наброителен карактер. Предвидена е да упатува до книгите што ги има библиотеката, а не како класификација на светот во целина.

Системот на класификација на Националната медицинска библиотека (NLM) ги употребува неискористените букви од оваа класификација: W и QSQZ. Некои библиотеки ја користат NLM заедно со LCC, изоставувајќи ја класата R (Медицина) на LCC. Други пак, го претпочитаат распоредот QPQR на LCC, вклучувајќи го заглавието Медицина R.

Системот[уреди | уреди извор]

Книги за програмирање во јазикот Java - поткласа QA.
Буква Предмет
A Општи дела
B Филозофија, Психологија, Религија
C Помошни науки на историјата
D Историја, Општа и Стар Свет
E Историја на Америка
F Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска Америка
G Географија. Антропологија. Разонода
H Општествени науки
J Политички науки
K Право
L Образование
M Музика
N Ликовна уметност
P Јазик и книжевност
Q Наука
R Медицина
S Земјоделство
T Технологија
U Воена наука
V Поморска наука
Z Библиографија. Библиотекарство. Извори на информации

Класа A - Општи дела[уреди | уреди извор]

Класа B - Филозофија, Психологија, Религија[уреди | уреди извор]

Класа C - Помошни науки на историјата (општо)[уреди | уреди извор]

Класа D - Светска историја (освен американската историја)[уреди | уреди извор]

Класа E и F - Американска историја[уреди | уреди извор]

Класа F - Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска Америка[уреди | уреди извор]

Класа G - Географија, Антропологија, Разонода[уреди | уреди извор]

Класа H - Општествени науки[уреди | уреди извор]

Класа J - Политички науки[уреди | уреди извор]

Класа K - Право[уреди | уреди извор]

  • Поткласа K - Право, воопшто. Споредбено и општоприсутно право. Судска пракса
  • Поткласа KB - Верско право воопшто. Споредбено верско право. Судска пракса
  • Поткласа KBM - Еврејско право
  • Поткласа KBP - Исламско право
  • Поткласа KBR - Историја на канонското право
  • Поткласа KBU - Право на Римокатоличката црква. Света Столица
  • Поткласи KD-KDK - Обединето Кралство и Ирска
  • Поткласа KDZ - Америка. Северна Америка
  • Поткласа KE - Канада
  • Поткласа KF - САД
  • Поткласа KG - Латинска Америка - Мексико и Средна Америка - Западни инди. Карипско подрачје
  • Поткласа KH - Јужна Америка
  • Поткласи KJ-KKZ - Европа
  • Поткласи KL-KWX - Азија и Евроазија, Африка, Тихоокеанско подрачје и Антарктика
  • Поткласа KZ - Меѓународно право

Класа L - Образование[уреди | уреди извор]

  • Поткласа L - Образование (општо)
  • Поткласа LA - Историја на образованието
  • Поткласа LB - Теорија и практика на образованието
  • Поткласа LC - Посебни аспекти на образованието
  • Поткласа LD - Поединечни установи - САД
  • Поткласа LE - Поединечни установи - Америка (освен САД)
  • Поткласа LF - Поединечни установи - Европа
  • Поткласа LG - Поединечни установи - Азија, Африка, Индоокеански острови, Австралија, Нов Зеланд, Тихоокеански острови
  • Поткласа LH - Високообразовни и средношколски списанија и весници
  • Поткласа LJ - Студентски братства и друштва, САД
  • Поткласа LT - Учебници

Класа M - Музика[уреди | уреди извор]

  • Поткласа M - Музика
  • Поткласа ML - Музичка литература
  • Поткласа MT - Настава и изучување

Класа N - Ликовна уметност[уреди | уреди извор]

Класа P - Јазик и книжевност[уреди | уреди извор]

Класа Q - Наука[уреди | уреди извор]

Класа R - Медицина[уреди | уреди извор]

Класа S - Земјоделство[уреди | уреди извор]

Класа T - Технологија[уреди | уреди извор]

Класа U - Воена наука[уреди | уреди извор]

Класа V - Поморска наука[уреди | уреди извор]

Класа Z - Библиографија, Библиотекарство[уреди | уреди извор]

  • Поткласа Z - Книги (општо). Пишување. Палеографија. Книжни дејности. Библиотеки. Библиографија
  • Поткласа ZA - Извори на информации (општо)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Употреба на библиотечниот каталог - Класификација на Конресната библиотека“. Универзитет на Саншајн Коуст, Квинсленд, Австралија. Архивирано од изворникот на 2012-04-03. Посетено на 16 март 2011. (англиски)
  2. „Каталогизација на австралиските библиотеки“. Национална библиотека на Австралија. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 16 март 2011. (англиски)
  3. „Каталог на библиотеката на Државниот универзитет на Тајван“. Државен универзитет на Тајван. 14 март 2011. Посетено на 14 март 2011.[мртва врска] (англиски)
  4. „e-Library OPAC - Огранок на SIRSI“. Јавна библиотека на Тајпеј. 14 март 2011. Посетено на 14 март 2011.[мртва врска] Користи ДДК за книги на англиски јазик (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]