Клавдија Октавија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клавдија Октавија
Портрет на Клавдија Октавија, Национален музеј во Рим
Староримска царевица
На престол13 октомври 54 г. – 8 јуни 62 г.
Роден(а)крај на 39 г./почеток на 40 г.
Рим
Починал(а)8 јуни 62 г. (возраст 22)
Вентотене
СопружникНерон
Полно име
Клавдија Октавија
ТаткоКлавдиј
МајкаВалерија Месалина

Клавдија Октавија (класичен латински: CLAVDIA · OCTÁVIA)[1] (крај на 39 н.е. или почетокот на 40 г. - 8 јуни 62 година) била царевица на Рим. Таа била ќерка на царот Клавдиј и прва сопруга на царот Нерон.

Животопис[уреди | уреди извор]

Октавија била единствена ќерка на царот Клавдиј од бракот со третата сопруга Валерија Месалина. Името го добила по нејзината прабаба Октавија Помладата, втора најстара сестра на царот Август. Нејзина постара полусестра била Клавдија Антонија, ќерка на Клавдиј од неговиот втор брак со Аелија Паетина, а нејзиниот помал брат бил Британик, син на Клавдиј и Месалина.

Родена била во Рим околу 39 или 40 година од нашата ера, непосредно пред атентатот на Калигула, и последователното пристапување на нејзиниот татко на престолот. Нејзиниот брат, Британик, се родил во 41 година. Како млада девојка, нејзиниот татко ја изневерил пред идниот престолонаследник Лусиј Јуниус Силанус Торкваут, кој бил потомок на Август.

Подемот на Нерон[уреди | уреди извор]

Во 48 година, нејзината мајка била погубена за заговор и убиство на нејзиниот татко, царот Клавдиј, кој подоцна се оженил со својата внука (и прва братучетка на Октавија) Агрипина Помладата. Синот на Агрипина, од првиот брак, бил Нерон (односно Лусиј Домитиј Енобарбус).

Агрипина преку манипулации ја раскинала свршувачката меѓу Октавија и Лусиј Силаниј, и го убедила Клавдиј да го посвои Нерон како свој син и наследник. Исто така, таа договорила Октавија и Нерон да стапат во брак на 9 јуни 53 година.

Живот како царевица[уреди | уреди извор]

Клавдиј починал на 13 октомври 54 година, и Нерон го наследил како император. Во почетокот на 55 година, Британиј умрел ненадејно, најверојатно отруен по наредба на Нерон, бидејќи тој претставувал голема закана за преземањето на престолот од страна на Нерон. Според Такит, и Октавија и Агрипина биле присутни на оброкот на кој се случило труењето, и биле подеднакво шокирани. Такит запишал дека од тој момент Октавија станала многу несреќна, но научила да ги крие чувствата од Нерон. Октавија била среде борбите за моќ меѓу Нерон и неговата мајка, што на крајот завршила кога Нерон ја убил својата мајка во март 59 година.

Октавија била почитувана како царевица од народот, како „аристократска и доблесна сопруга“ (според Такит), а Нерон ја мразел и брзо му здосадила (според Такит и Светониј), обидувајќи се во неколку наврати да ја задави (според Светониј). Нерон имал љубовници, меѓу кои Клавдија Акте и Попеја Сабина. Кога Попеја забременила, Нерон се развел од Октавија, тврдејќи дека е неплодна, и се оженил со Попеја дванаесет дена по разводот.

Протерување и смрт[уреди | уреди извор]

Монета со приказ на Клавдија Октавија

Нерон и Попеја ја протерале Октавија во регионот Кампанија, а на крајот и на островот Пандатерија (денес Вентотене) со лажно обвинување за прељуба со поранешниот учител на Нерон, Аникетиј. Кога Октавија се пожалила на ваквиот однос кон неа, нејзините слугинки биле измачувани до смрт.

Протерувањето на Октавија предизвикало гласно протестирање од граѓаните на Рим, кои отворено парадирале низ улиците со статуи на Октавија, украсени со цвеќиња, и повикувале на нејзино враќање. Нерон се исплашил од протестите, и се согласил повторно да се ожени со Октавија, но наместо тоа тој ја потпишал нејзината смртна пресуда.

Неколку дена подоцна, Октавија била врзана и нејзините вени пресечени, што бил традиционален римски самоубиствен ритуал. Таа била задушена во претоплата пареа во бањата, главата ѝ била исечена и испратена во Попеја. Нејзината смрт предизвикала голема тага во Рим. Според Светониј, години подоцна Нерон имал кошмари во врска со неговата мајка и Октавија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. E. Groag, A. Stein, L. Petersen – e.a. (edd.), Prosopographia Imperii Romani saeculi I, II et III (PIR), Berlin, 1933 – C 1110

Литература[уреди | уреди извор]

  • E. Groag, A. Stein, L. Petersen – e.a. (edd.), Prosopographia Imperii Romani saeculi I, II et III, Berlin, 1933
  • Barbara Levick, Claudius. Yale University Press, New Haven, 1990.
  • Barrett, Anthony A., Agrippina: Sex, Power and Politics in the Early Roman Empire. Yale University Press, New Haven, 1996.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]