Кифхојзер (округ)

Координати: 51°20′N 10°55′E / 51.33° СГШ; 10.92° ИГД / 51.33; 10.92
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кифхојзер
Kyffhäuserkreis

округ
Грб на Кифхојзер Kyffhäuserkreis
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеЗондерсхаузен
Површина
 • Вкупна1.037,91 км2 (40,074 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно73.522
 • Густина0,71/км2 (1,8/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.KYF
Мреж. местоkyffhaeuser.de

Кифхојзер (германски: Kyffhäuserkreis) — округ во северниот дел на покраината Тирингија, Германија. Соседни окрузи се окрузите Мансфелд-Јужен Харц, Зале и Бургенланд во Саксонија-Анхалт и окрузите Земерда, Унштрут-Хајних, Ајхсфелд и Нордхаузен.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XII век постоел замок на планинскиот масив Кифхојзер, кој бил изграден во текот на владеењето на императорот Фридрих Барбароса. Според локалната легенца, императорот не умрел, туку продолжил да спие во овој замок.

Од 1579 областа потпаднала кон територијата на Саксонија, а по 1815 била поделена помеѓу пруската покраина Саксонија и Шварцбург-Зондерсхаузен.

Во 1952 биле основани двата округа Артерн и Зондерсхаузен. Овие окрузи биле споени во 1994 година со одредени мали промени, кога некои општини припаднале на други окрузи.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот е именуван по планинскиот масив „Кифхојзер“. Главна река во округот е Унштрут, која тече низ источниот дел на округот.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Главен симбол на грбот е лавот на грофовите од Шварцбург, кои историски гледано најмногу владееле со територијата на округот. Лавот држи штит на кој е претставен грбот на грофовите од Мансфелд, кои ја поседувале областа околу Артерн во 18 век. Трите зелени ридови во долниот дел го симболизираат планинскиот пејзаж со многу шума, големата брановита линија постои за реката Унштрут, додека малата за реката Випер.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Слободни општини
  1. Ан дер Шмике
  2. Артерн
  3. Бад Франкенхаузен
  4. Ебелебен
  5. Рослебен-Вие
  6. Зондерсхаузен
  1. Абтсбесинген
  2. Белштет
  3. Боркслебен
  4. Ецлебен
  5. Фрајенбесинген
  6. Гехофен
  7. Хелбединдорф
  8. Холцзусра
  1. Калбсрит
  2. Кифхојзерланд
  3. Менхпфифел-Николаусрит
  4. Оберхелдрунген
  5. Рајнсдорф
  6. Рокштет
  7. Волфершвенда
Општински заедници

1. Гројсен

  1. Клинген2
  2. Гројсен1, 2
  3. Гросенерих2
  4. Нидербеза
  5. Обербеза
  6. Топфштет
  7. Требра
  8. Васерталебен
  9. Вестгројсен
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

51°20′N 10°55′E / 51.33° СГШ; 10.92° ИГД / 51.33; 10.92