Килиманџаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Килиманџаро
Kilimanjaro
Врвот Кибо на Килиманџаро
Највисока точка
Надм. вис.5 895 м [1]
Истакнатост5 885 м [2]
4-та
Заведена какоседум врвови
седум вулкански врвови
највисок во земјата
ултра
Друго имеKilimanjaro
Географија
Килиманџаро на карта

Карта

Месторегион Килиманџаро, Танзанија
ПокраинаTZ-09
Топокарта[3]
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувниеднаш во пишаната историја
Искачување
Прво освојување1889
Ханс Мајер
Лудвиг Пурчелер
Најлесен патпланинарење

Килиманџаро (свахили: Kilimanjaro) — највисок планински масив во Африка. Се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија. Составен е од три вулкани: Шира, Мавензи и Кибо. Највисокиот врв се наоѓа на 5.895 метри надморска височина.[4]

Килимаџаро е вулканска планина која е под постојан снег и мраз. Се состои од 3 купи и има повеќе вегетациски појаси. До 1 000 м височина се простираат прашуми, од 1 000 до 2 000 м има савани и ниви, од 2 000 до 4 000 м шуми и над нив планински ливади и пасишта. Снежната граница е над 5 000 м.

Килиманџаро со својата височина од 5 895 метри е највисоката планина во Африка. Местоположбата е во североисточна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Таа височина овозможува на врвот да има „вечен снег“ и покрај тоа што таа се наоѓа на само 330 километри јужно од Екваторот. Друга одлика е тоа што оваа планина ја има најголемата висинска разлика помеѓу рамнината на подножјето и врвот: 4600 метри. Килиманџаро е планина со три вулкански кратери кои се претпоставува дека последен пат еруптирале пред 100000 години.

Највисоката точка (5.895 м) — врвот Ухуру (дел од т.н. „седум врвови“) на вулканот Кибо кој на врвот има кратер кој е широк околу 2,5 км. Првото искачување е направено во 1889 година. Другите два врва се исто така згаснати вулкани: врвот Мавензи (5 149 м) кој е трет највисок врв во Африка после Монт Кенија (5199м) и врвот Шира (3 962 м).

Додека за Мавензи се препорачува да се знаат техники за качување карпа и мраз, искачувањето на највисоката точка – Ухуру, бара само внимателна аклиматизација и доволна физичка подготвеност без никакво планинарско искуство. Годишни околу 15 000 луѓе се обидуваат да застанат на врвот, а од нив успеваат околу 40%. Најдобри месеци за качување кои се препорачуваат се Декември, јануари, Февруари, Март, Јуни, Јули и Август.

Иако вулканот од внатре е тивок, од надвор се случуваат работи кои ги загрижуваат научниците, месното население, но и пошироката јавност. Ледниците кои се на врвот во изминатите 11 700 години почнуваат со голема брзина да се топат. Во изминатите 100 години волуменот на мразот се има истопено за цели 80%, а се проценува дека мразот целосно ќе се стопи помеѓу 2015 и 2020 година. Иако сè уште се полемизира околу причините за топењето, исчезнувањето на мразот од Килиманџаро има сериозни климатолошки и хидролошки последици врз месното население кое зависи од таа вода за време на сувите периоди…

Килиманџаро како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kilimajaro Guide—Kilimanjaro 2010 Precise Height Measurement Expedition“. Посетено на 16 мај 2009.
  2. „Kilimanjaro“. Peakbagger.com. Посетено на 2012-08-16.
  3. Карта и водич на Килиманџаро од Вјелоховски (Map) (IV. изд.). 1:75.000 со прилози од 1:20.000 и 1:30.000. Картографски водичи EWP. Картографија: EWP. EWP. 2009. ISBN 0-906227-66-6. (англиски)
  4. the Kilimanjaro 2008 Precise Height Measurement Expedition. „Precise Determination of the Orthometric Height of Mt. Kilimanjaro“ (PDF). Посетено на 12 мај 2009.
  5. Discogs, The Teardrop Explodes ‎– Kilimanjaro (пристапено на 12 март 2021)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]