Киднапиран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киднапиран
Корица на првото американско издание на книгата од 1886.
АвторРоберт Луис Стивенсон
Изворен насловKidnapped
ЗемјаВелика Британија
Јазиканглиски, шкотски
Жанравантуристички роман
историски роман
ИздавачCassell and Company Ltd
Издадена
1886
Медиумпечатено
Страници136
ISBN0-486-41026-9
OCLC43167976
823/.8 21
Клас. КБPR5484 .K5 2000
СледнаКатриона 

Киднапиран (англиски: Kidnapped) е историско-авантуристички роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон. Романот бил напишан како „детски (момчешки) роман“ и за првпат бил издаден во списанието „Young Folks“ од мај до јули 1886 година. Брзо по издавањето на романот, истиот привлекол внимание и почит од различни писатели како што се Хенри Џејмс, Хорхе Луис Борхес и Шејмус Хини. Во 1893 година бил издаден романот Катриона, продолжение на романот. Романот е преведен на многу светски јазици, меѓу кои и на македонски.

Приказната на романот се одвива во 19 век во Шкотска и познати шкотски настани, како што е Апинското убиство, кое се одвило во близина на Балахулиш во 1752 година како последица на Јакобитското востание.[1][2] Поголем број од ликовите се вистински личности, меѓу кои и еден од главните ликови - Ален Брек Стјуарт. Политичката ситуација во тогашно време е претставена од различни погледи, а Шкотските Горјани се третираат со симпатија.

Според раните книживни критики на Киднапиран од 1886 година,[3] се мислело дека романот бил создаден според вистинската приказна на Џејмс Анесли, за кој се претпоставувало дека бил наследник на пет аристократски титули и кој бил киднапиран на 12 годишна возраст од неговиот чичко Ричард Анесли. Според теоријата, Џејмс бил испратен за Америка преку Даблин на брод во 1728 година.[4] Тој успеал да избега по 13 години и да се врати во родното место за да си го поврати наследството кое било заземено од неговиот чичко.[4] Биографот на Анесли изјавил дека Стивенсон не бил запознаен со сагата на Џејмс Анесли, кој до 1886 година веќе инспирирал четири други романи од 19 век.[3][4]

Ликови[уреди | уреди извор]

Дејвид Балфур е обвинет дека е учесник во Апинското убиство, вистински историски настан. Ликовите Ален Брек Стјуарт, Колин Рој Кемпбел, Џејмс Стјуарт од Глен, Клани Мекферсон и Робин Ојг Макгрегор биле вистински луѓе.[1]

Шоу[уреди | уреди извор]

  • Дејвид Балфур - чесен 17 годишник кој тргнал на пат по смртта на неговиот татко. Неговата мајка умрела многу поодамна. Дејвид не е свесен дека е наследник на еден имот, Куќата на Шоу.
  • Ебинзер Балфур - чичко на Дејвид Балфур. Ебинзер го наседнал Дејвид да ја напушти куќата која му следува и него. Прично тој се обидува да го убие Дејвид, но по неуспехот тој го праќа на број со намера да го продаде како роб.
  • Александер Балфур: татко на Дејвид, чие наследство биле одземено од страна на неговиот брат Ебинзер.
  • Г. Кемпбел - добро свештено лице од Есендин кој му помага на Дејвид на почетокот на приказната.
  • Џенет Клустон - жена која е избркана од нејзиниот дом од страна на Ебинзер Балфур.

На морето и на Хебридите[уреди | уреди извор]

  • Елајас Хосисон - капетан на бродот. Тој го купил Дејвид од Ебинзер со намера да го препродаде како роб во Америка.
  • Г. Шуан - прв човек под капетанот Хосисон.
  • Г. Рајах - втор човек под капетанот.
  • Рансом - злоупотребено дете кое работи на бродот.
  • Стар маж и неговата жена - стари, но добри, лица кои живеат на островот Мул. Тие му дале храна и пијалак на Дејвид, како и важни информации важни за неговата авантура.
  • Водич - жител на островот Мул кој за пет шилинга го води Дејвид до Торосеј.
  • Хектор Меклин - жител на островот Мул.
  • Данкан Мекај - слеп човек кој му помага на Дејвид да помине делови од островот.
  • Нејл Рој Макроб - пријател на Ален кој го носи Дејвид од Торосеј до копното на Шкотска.
  • Гостилничар

Шкотски Гори[уреди | уреди извор]

  • Алан Брек Стјуарт - Шкотски Горјанин кој бил во егзил во Франција. Тој станува пријател со Дејвид и му помага да помегнат од англиските власти.
  • Колин Рој Кемпбел, познат и како „Црвена лисица“, шкотски лојален чиновник на англиската круна и главен противник на Дејвид и Ален Стјуарт.
  • Џејмс Стјуарт од Глен - шеф на Шкотските Горјани. Тој е на чело на Кланот Стјуарт.
  • Г-ѓа Стјуарт - жена на Џејмс Стјуарт.
  • Клани Мекферсон - друг Шкотски Горјанин чија земја била одземена од Англичаните. Тој е јакобитски бунтовник, како и останатите Шкотски Горјани во романот.
  • Робин Ојг - син на Роб Рој Мекгрегор.
  • Хендерленд - евангелист кој станува пријател со Дејвид.

Книжевна критика[уреди | уреди извор]

„Киднапиран“ бил добро прифатен од страна на пошироката публика за време на периодот кога Стивенсон бил жив, но по неговата смрт голем број луѓе гледале со скептицизам и ја сметале книгата за „детска“. Сепак, до средината на XX век, книгата повторно се стекнала со одобрување и проучување. Книгата не дава точни историски податоци, но ја прераскажува јакобитската верзија на Апинското убиство.[1] Продолжението „Катриона“ било напишано во 1893 година, за време на периодот кога Стивенсон живеел на Самоа. Темата на романот е во добар дел романтичен, и помалку авантуристички, и не ја достигнал популарноста на „Киднапиран“.

Адаптации[уреди | уреди извор]

Романот доживеал неколку адаптации. На страницата за Роберт Луис Стивенсон има целосен список на дела излезени од „Киднапиран“.[5]

Некои од филмските адаптации на романот се: Киднапиран (филм од 1938), Киднапиран (филм од 1960), Киднапиран (филм од 1971), Киднапиран (филм од 1986), Киднапиран (филм од 1995) и Киднапиран (телевизиска серија).

Стрип брз база на „Киднапиран“ бил издаден во 2007 и 2008 од Marvel Illustrated во подготовка на Рој Томас и Марио Гали. Тие претходно го адаптирале романот „Островот на богатството“.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Auslan Cramb (November 14, 2008). „18th Century murder conviction 'should be quashed'. The Daily Telegraph.
  2. Стивенсон го променил датумот на Апинското убиство од мај 1752 во јуни 1751.
  3. 3,0 3,1 "The story behind Kidnapped"[мртва врска], Spectator readers respond to recent articles, Spectator, 3 March 2010
  4. 4,0 4,1 4,2 Roger Ekirch, Birthright: the true story that inspired Kidnapped. ISBN 978-0-393-06615-9
  5. Robert Louis Stevenson Derivative Works
  6. CCI: Thomas and Gully Get "Kidnapped", Comic Book Resources, July 25, 2008

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: