Кејт Мортон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кејт Мортон
Родена Кејт Мортон
Kate Morton
1976
Бери, Јужна Австралија
Националност Австралијка
Занимање писател
Деца 2

Кејт Мортон (англиски: Kate Morton, родена во 1976 во Бери, Јужна Австралија) — австралиска писателка која се стекнала со домашен и меѓународен успех[1] со нејзините романи „Куќата на Ривертон“, „Заборавената градина“ и „Далечни часови“.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Кејт Мортон е најстара од трите ќерки на брачниот пар Мортон. Таа своето образование го започнала во Тамборин Маунтан. Мортон завршила на Тринити Колеџ во Лондон, а набрзо потоа завршила и летен курс за Шекспир на Кралската академија за драмски уметности во Лондон. Својата универзитетска диплома ја стекнала на Универзитетот во Квинсленд, отсек англиска книжевност. За време на своето студирање, Мортон напишала два ракописи кои не се објавени. Своите постипломски студии ги завршила со посебно внимание на трагедијата за време на викторијанскиот период од англиската книжевност. Дипломските студии ги фокусирала на истражување на готските и мистичните елементи во современата книжевост. Мортон е мажена и има два сина.[2][3]

Творештво[уреди | уреди извор]

Романи

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Надворешни слики
Кејт Мортон