Кетен (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кетен
округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат1 јули 2007
СедиштеКетен
Површина
 • Вкупна475 км2 (183 ми2)
Население (30 јуни 2006)
 • Вкупно65,096
 • Густина140/км2 (350/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.KÖT

Кетен (германски: Köthen) — поранешен округ во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север надесно) Анхалт-Цербст, Шенебек, слободниот град Десау, Битерфелд, Залкрајс и Бернбург.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1603, кнежевството Анхалт-Кетен било создадено, кога кнежевството Анхалт било поделено во пет делови. Во 1655 година, било споено со Анхалт-Плецкау и во 1807 станало војводство. Во 1847 било поеделено помеѓу Анхалт-Десау и Анхалт-Бернбург и во 1853 припоено кон Анхалт-Десау да го формира војводството Анхалт-Десау-Кетен.

Кога во 1863, некои делови на Анхалт се обединиле, округот бил создаден. Најпрвин, округот Dessau-Köthen ја покривал околината околу двата слободни града Десау и Кетен. Во 1950, градот Кетен бил додаден кон округот и бил назначен како негов главен град. Како последица на реформата на окрузите во 2007, областа била припоена кон новиот округ Анхалт-Битерфелд со градот Кетен како негов главен град.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во Magdeburger Börde, со ниски ридови од морена од последното ледено доба. Реката Елба формира дел од северната граница на округот.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Левата половина на грбот покажува крило, кое било симбол на семејството Von Cöthen, кои можеби го основале замокот Кетен во 12-от век. Семејството постоело во 14-от век. Десната срана покажува палма, која е симболот на палмскиот ред (меѓутоа, неговата официјално име било Fruchtbringenden Gesellschaft - друштво за одгледување на овошје). Овој ред бил основан од принцот Лудвиг фон Анхалт-Кетен во 1617 и бил друштво на благородници, научници и поети. Неговата главна цел била грижата за германскиот јазик. Меѓутоа, друштвото престанало да постои во 1680 година.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Заедница на општини
  1. Акен (Елба)
  2. Гребцих
  3. Кетен
  4. Радегаст
  1. Остернинбург
  2. Зидлихес Анхалт (вкл. ги градовите Гребцих и Радегаст)

Поврзано[уреди | уреди извор]