Керч

Координати: 45°21′43″N 36°28′16″E / 45.36194° СГШ; 36.47111° ИГД / 45.36194; 36.47111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Керч
Керчь / Керч / Keriç
Град
Обелиск на плаинната Митрадат во Керч
Обелиск на плаинната Митрадат во Керч
Знаме на КерчГрб на Керч
Керч is located in Crimea
Керч
Керч
Местоположба на Керч во Крим
Координати: 45°21′43″N 36°28′16″E / 45.36194° СГШ; 36.47111° ИГД / 45.36194; 36.47111
Земја Русија (де факто)
 Украина (де јуре)
Република Крим
ОпштинаКерч
Површина
 • Вкупна108 км2 (42 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (попис 2006)
 • Вкупно151,300
 • Густина1.464,49/км2 (379,300/ми2)
Часовен појасMSK (UTC+4)
Пошт. бр.98300 — 98399
Повик. бр.+380 6561
Поранешни имињаПантикапеј, Боспор, Воспоро, Корчев, Керчо
Збратимени градовиМогиљов, Смоленск, Чанаккале, Орјол, Одинцово, Сочи
Мреж. местоПортал
Црквата „Св. Јован Претеча“ од VII век
Главната улица во Керч

Керч (руски: Керчь, украински: Керч, кримскотатарски: Keriç) — град на Керчкиот Полуостров во источниот дел на Република Крим, Русија. Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[1]

Основан е пред 2.600 години и се вбројува меѓу најдревните градови во регионот. Најпрвин бил колонија населена од доселеници од Милет. Своевремено бил престолнина на Боспорското Кралство и, за кратко, персиско-македонскиот понтски крал Митрадат VI. Доживеал голем подем во 1920-тите години, а подоцна кај него се одиграла и важна битка во Втората светска војна.

Денес е втор град по големина на Крим и претставува важен индустриски, сообраќаен и туристички центар.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Градот се протега врз поголема површина и ги опфаќа следниве населени подрачја: Героевское, Аршинцево (Камиш Бурун), Порт Крим, Аџимушкај и островот Тузла.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Најзастапени стопански гранки во Керч се металургијата, бродоградбата и риболовот. Најголеми претпријатија во градот се:

  • Керчки металуршки комбинат (отворен во 1900 г.)
  • Камиш-бурунски железноруден комбинат
  • Бродоградителски завод „Залив“

Покрај ова, позначајна стопанска улога играат и производството на градежни материјали, прехрабената индустрија и лесната индустрија.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Керч има свој залив во Керчкиот Проток, кој важна улога како влез во Азовското Море. Има неколку железнички станици и помал аеродром. Преку Керчкиот Проток сообраќаат траекти што го поврзуваат Крим со Краснодарскиот крај.

Градот има неколку пристанипта: Трговското, Рибарското, „Крим“ и „Камиш Бурун“.

Железнички тунели: „Керч“, „Керч I“, „Керчки комбинат“, „Аршинцево“ и „Крим“.

Автобуската мрежа го поврзува со другите градови во Крим и Краснодарскиот крај.

Образование[уреди | уреди извор]

Во 2004 г. Керч имал:

  • 28 училишта
  • 9 институти и факултетски ограноци
  • бродоградителско и технички училишта
  • медицинско училиште
  • 6 стручни технички учлилишта
  • повеќе претшколски установи

Древности и знаменитости[уреди | уреди извор]

Рушевини од дредниот град Пантикалеј

Градот има значајни древни рушевини и историски споменици од голем интерес за археолозите. Некои од поважните се:

  • древен град Пантикапеј (V век п.н.е. – III век н.е.).
  • Царски курган (IV век п.н.е.) — погребна тумба на еден од боспорските кралеви
  • црква „Св. Јован Претеча“ (од 717 г.)
  • тврдината Јеникале (XVIII век)
  • Големото скалиште на ридот Митрадат со вкупно 428 скалила, изградено во 1833–40 г.
  • Обелиск на славата на ридот Митрадат — споменик за борбата во Втората светска војна
  • Споменик на партизанските Аџимушкајскиот каменолом
  • Керчка тврдина (средина на XIX век)
  • рушевините на древните градови Мирмекиј, Тиритака и Нимфеј. Постојат и други кои денес се под вода поради земјотреси.
  • таканаречената „Деметрина гробница“ со богат живопис од I век п.н.е.

Празници и слави[уреди | уреди извор]

  • Ден од ослободувањето (11 април)
  • Ден на рибарите (втор ден недела во јули)
  • Ден на Градот Керч (втор ден сабота во септември)

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Град Земја Година
Могиљов Белорусија Белорусија 1998
Смоленск Русија Русија 1998
Чанаккале Турција Турција 1999
Орјол Русија Русија 2004
Одинцово Русија Русија 2004
Сочи Русија Русија 2005
Тула Русија Русија 2014

Клима[уреди | уреди извор]

Керч има влажна суптропска клима (Кепенова класификација: Cfa)[2] со свежи до студени зими и топли до врели лета.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Керчката тврдина Внатрешност на црквата „Св. Јован Претеча“ Влез во Царскиот курган

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина")“. Дума на Украина. Посетено на 24 април 2014.
  2. Kottek, M.; J. Grieser, C. Beck, B. Rudolf, and F. Rubel (2006). „World Map of the Köppen-Geiger climate classification updated“ (PDF). Meteorol. Z. 15 (3): 259–263. doi:10.1127/0941-2948/2006/0130. Посетено на December 11, 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]