Кевин Митник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адријан Ламо, Кевин Митник и Кевин Полсен во 2001 г.

Кевин Митник (англиски: Kevin David Mitnick; 6 август 196316 јули 2023) — еден од најпознатите хакери во раководек со семрежното безбедносно прептијатие Mitnick Security Consulting LLC. Кевин почна со социјално инжинерство од својата 12наесета година (Неговата најдобра способност), кога сфати дека со помош на еден исти билет може да се вози насекаде нис Лос Анџелес со автобус. Првите интереси на Кевин беа Радио аматерството и Phone Phreaking. Подоцна со помош на еден свој другар, успеа да влезе во курс по сметачки часови и љубовта се роди кон сметачките. Неговиот прв хак беше во 1979 кога успеа да влезе во сметачкиот систем на ДЕЦ компанијата и успеа да украде клучни податотеки во врска со оваа компанија.

Во годините што следеа, Кевин успешно изврши напади на многу сметачки системи, вклучувајќи и неколку банки. Во 1994година, Кевин Митник изврши успешен IP-Spoofing напад врз сметачите на Цутому Шимомура, поради претходна расправија. Тсумому го почна неговото гонење на Кевин веднаш после нападот. Кевин беше уапсен од страна на FBI на 15, 1995 г. во 1-30 часот. Проаѓањето се долже на двонеделното скениранје и потрага по мобилниот и лаптопот на Кевин, со помош на кои тој се поврзал на семрежјето. Местото на настанот е во Северна Каролина, УСА. Веднаш по апсењето, другарите на Кевин почнаа со кампања "Free Kevin". Кевин остана запамтен како најбараниот хакер од страна на FBI и своите дела не ги именуваше како хакирање, туку како социјален инжинеринг.

После затворањето на Кевин Митник неговите другари почнаа со кампања со логото "Free Kevin". Нивната цел се разбира беше Кевин да биде ослободен. Кампањата се залагаше сите информации на семрежјето да се слободни, и дека Кевин не е виновен за лошо заштитените сметачки системи во местата кеде што тој влегол. Неколку резултати од оваа кампања беа влегувањата во некои многу важни мрежни места и нивното изобличување како: nasa.gov и многу други важни страни.

Кевин е автор на две книги "The Art Of Intrusion" и "The Art Of Deception". Неговите книги претставуваат збир за разни вистинити приказни за вистински хакерски случувања и хакери. Во овие книги тој преку приказните го опишува своето лично искуство. Во првата книга тој посебно се концентрира и ја опишува својата најдобра вештина - социјално инжинерство. Со својот соавтор Simon тие заедно во книгата ги опишуваат и анализираат приказните и информациите кои се добиени од интервјуа со хакерите. Од сметачки напади низ казина во Лас Вегас, до објаснување на повзаноста на исламските терористи со хакерите за да добијат информации за нападите на 11 септември 2001 во Њујорк, Митник дава лекции кои навистина треба да се знаат.