Катовице (полски: Katowice, германскиKattowitz) е град во Полска, административен центар на Шлеското Војводство. Ужива градски права од 1865. Помеѓу 1953-1956 Катовице се викал „Сталиногрод“ (бил преименуван од комунистите). Населението брои 303.314 (2014) жители. Градот се наоѓа во јужна Полска на реките Клодница и Рава. Градоначалинк е Пјотр Ушок. Во минатото овој град ѝ припаѓал на Германија. Градот има еден мал аеродром, Аеродром Мучовјец. Катовице се одликува со најразлична архитектура со историски и современи стилови. Градот историски вил центар на рударството на јаглен и металургијата.