Карл Дејвид Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Дејвид Андерсон
Роден(а)септември 3, 1905(1905-09-03)
Њујорк, САД
Починал(а)јануари 11, 1991(1991-01-11) (возр. 85)
Сан Марино, Калифорнија, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиКалифорниски институт за технологија
ОбразованиеКалифорниски институт за технологија
Значајни студентиДоналд Глазер
Сет Недермаер
Познат поОткривањето на позитронот
Откривањето на мионот
Поважни наградиНобелова награда за физика (1936)
Елиот Кресонов медал (1937)

Карл Дејвид Андерсон (англиски: Carl David Anderson 3 септември 190511 јануари 1991) — американски физичар. Тој е најпознат по неговото откривање на позитронот во 1932, достугнување за кое бил награден со Нобеловата награда за физика во 1936, а исто така и за мионот во 1936.

Животопис[уреди | уреди извор]

Андерсон се родил во Њујорк, како син на шведски имигранти. Тој студирал физика и инженерство во Калтех (каде дипломирал во 1927, а докторирал во 1930). Под надзор на Роберт Миликан, тој почнал да истражува за космичкото зрачење за време на курсот во кој наишол на неочекувани траги од честички во неговите фотографии од маглена комора која точно ја протолкувал дека е создадена од честичка со иста маса како електронот, но со спротивен електричен полнеж. Ова откритие, објавено во 1932 и подоцна потврдено од други, го потврдило теоретското предвидување на Пол Дирак за постоењето на позитронот. Андерсон прв ги открил честичките во космичкото зрачење. Подоцна тој создал поубедлив доказ со тоа што сликал гама-зраци создадени од природен радиоактивен нуклид ThC'' (208Tl)[1] во други материјали, резултирајќи со создавање на позитрон-електронски парови. За оваа работа, Андерсон ја поделил Нобеловата награда за физика во 1936 со Виктор Франц Хес.[2]

Исто така во 1936, Андерсон и неговиот прв дипломиран студент, Сет Недермаер, го откриле мионот, субатомска честичка 207 пати поголема од електронот, но со ист негативен електричен полнеж и спин 1/2 како електронот, повторно во космичкото зрачење. Андерсон и Недермаер најпрво сметале дека го виделе пионот, честичка која Хидеки Јукава ја постулирал во неговата теорија за силно заемнодејство. Кога станало јасно дека тоа што Андерсон го видел „не“ е пионот, физичарот Исидор Ајзек Раби, збунет од тоа како неочекуваното откритие може да биде дел од било која логична шема на честичната физика, гледајќи прашал „Кој го нарача ’тоа‘?“ Мионот бил прв на долгиот список на субатомски честички чие откритие најпрво ги збунило теоретичарите кои не можеле да ја сместат конфузната „зоолошка“ во некоја средена концептуална шема. Вилис Лем, на неговото Нобелово предавање во 1955, се пошегувал дека слушнал „пронаоѓачот на новата елементарна честичка е награден со Нобелова награда, но таквото откритие сега се казнува со 10.000 долари казна“.[3]

Андерсон ја поминал цела своја академска и истражна кариера во Калтех. За време на Втората светска војна, тој спровел истражување во тамошната ракетарија. Бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1950.[4] Тој починал на 11 јануари 1991, а неговите смртни поставки биле погребани на гробиштата „Холивуд хилс“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Неговата жена, Лорен, починала во 1984.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

  • C.D. Anderson (1933). „The Positive Electron“. Physical Review. 43 (6): 491. Bibcode:1933PhRv...43..491A. doi:10.1103/PhysRev.43.491.
  • C.D. Anderson (1932). „The Apparent Existence of Easily Deflectable Positives“. Science. 76 (1967): 238–9. Bibcode:1932Sci....76..238A. doi:10.1126/science.76.1967.238. PMID 17731542.
  • C.D. Anderson (1957), Technical adviser to The Strange Case of the Cosmic Rays, Bell System Science Film, Directed by Frank Capra, Frank Capra Productions.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ThC" is a historical designation of 208Tl, see Decay chains
  2. Physics 1936
  3. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1955/lamb-lecture.pdf
  4. „Book of Members, 1780-2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 17 April 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: