Карин Ланби

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карин Текла Марија Ланби (13 април 1916 година, Линшепинг - 19 ноември 2007 година, Париз) — шведска глумица, преведувач, новинар, поет и шпион.[1] Таа служела како шпион за левичарите за време на граѓанската војна во Шпанија и за Шведска во Стокхолм за време на Втората светска војна.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ќерка на новинарот Гунар Ланби и Лили Ланби, шефица на шведската агенција на американската филмска компанија Метро Голдвин Мајер. Преку нејзината мајка Лили, Карин припаѓала на високото општество во Стокхолм. Како студент во 1930-тите, Карин, убедена антифашистка, им се придружи на шведските комунисти. За време на шпанската граѓанска војна, таа служела како толкувач и секретарка во една болница во Валенсија. Таа остварила контакт со Комунистичка интернационала во Барселона, која и даде задача да се инфилтрира во трупите на Франциско Франко на југот на Франција. Откако не ја исполнила својата задача, таа била исклучена од комунистите и се вратила во Шведска. Од 1939 до 1945 година била агент во служба на шведската држава за време на војната; под кодното име Анет, таа известувала свои забелешки од културните и дипломатските кругови на партискиот живот во Стокхолм.

За време на војната глумела во неколку филмови. Во 1940–41 година, таа имала врска со Ингмар Бергман; за неа се вели дека бил пример за ликот Рут Келер во филмот „Жена без лице“ (1947). По војната, Карин Ланби го сменила своето име во Марија Силијакус и се преселила во Франција (1952), каде што била активна како глумица, преведувач и новинарка.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Ерика Вендт
  • Џејн Хорни

Литература[уреди | уреди извор]

  • Андерс Тунберг (на шведски јазик): Карин Ланби: Ингмар Бергманс Мата Хари (Карин Ланби: Мата Хари на Ингмар Бергман) (2009)

Наводи[уреди | уреди извор]