Камени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж на Егерија од 16 век од Гијом Руј

Во римската митологија, Камените изворно биле божици на изворите, бунарите и фонтаните, или водни нимфи на Венера. Тие биле мудри, и понекогаш ја претскажувале иднината. Иамло четири камени: Кармента, Егерија, Антеворта и Постворта. Тие биле обожувани во Порта Капена близу Рим. Карментија (или карментис) била главната нимфа - затоа изворот и забелот кај Порта Капена бил посветен на неа. На нејзиниот фестивалски ден, т.н. Карменталии кои паѓале на 11 и 15 јануари, Весталките земале вода од тој извор за употреба во обредите.

Подоцна овие нимфи биле поистоветени со грчките музи.