Казабланка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на булеварот "Париз" во центарот на Казабланка.

Казабланка (на шпански значи "бела куќа"; арапски: الدار البيضاء, транслитерација: ад-Дар ел-Беј; марокански арапски: дар Бејда; берберски: Тадарт Тасхемлалт) — град во западно Мароко на брегот на Атлантскиот Океан. Тој е седиште на регионот Голема Казабланка.

Со население од 3,5 милиони жители (според пописот од 2004), Казабланка е најголемиот град во Мароко; тој е и главното пристаниште, и затоа се смета за економскиот главен град на земјата, иако официјалниот главен град и седиште на владата е Рабат.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа на која денес се наоѓа Казабланка била населена од Берберите во 7 век. Мало независно кралство, во областа тогаш именувана како Анфа, се издигнало во областа во тоа време како резултат на арапското муслиманско владеење и продолжило да опстојува сè додека не било освоено од Алморавидите во 1068 година.

За време на 14 век, под власта на Маринидите, Анфа се изразила по својата важност како пристаниште. Во раниот 15 век, градот пак станал независна држава и служел како безбедно пристаниште за пирати. Но, Португалците го уништиле градот во 1468.

Португалците го реконструирале градот од урнатините на Анфа во 1515, кој го нарекле Casa Branca. Тие ја напуштиле областа во 1755 како резултат на земјотрес кој уништил поголем дел од градот.

Конечно, градот бил поново реконструиран од султанот Сиди Мухамед III (1756-1790), внукот на Мавлај Исмаил и сојузник на Џорџ Вашингтон. Името останало Дар ел Беида на арапски и Казабланка на шпански.

Во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]