Итерзен

Координати: 53°41′14″N 9°40′9″E / 53.68722° СГШ; 9.66917° ИГД / 53.68722; 9.66917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Итерзен
Манастирската црква во Итерзен
Манастирската црква во Итерзен
Манастирската црква во Итерзен
Грб на Итерзен
Итерзен во рамките на Германија
Итерзен
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Андреа Хансен (СДП)
Основни податоци
Површина 11,43 км2
Надм. височина 1−18 м
Население 18.595 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.627 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25436
Повик. бр. 04122
Портал www.uetersen.de
Местоположба на градот Итерзен во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°41′14″N 9°40′9″E / 53.68722° СГШ; 9.66917° ИГД / 53.68722; 9.66917

Итерзен (германски: Uetersen, порано познат како Итерзен (Холштајн) (Ütersen (Holstein))) — град во округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 7 километри јужно од Елмсхорн и 30 километри северозападно од Хамбург на малата река Пинау, близу реката Елба. Претставува дел од метрополитенската област Хамбург. Исто така, градот претставува административно седиште на општинската заедница Хазелдорф, иако самиот град не е член на заедницата.

Итерзен е дом на Розариум Итерзен, најстарата и најголема градина на рози во Северна Германија, создадена во 1929 година, поради што е познат како „град на розите и венчавките“.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот нема точно одреден датум на основање. Како година на основање се зема 1234 година, кога градот бил првпат споменат. Од 1933 година овој датум бил официјално признаен.

Историјата на градот била исполнета со пожари, војни, катастрофи и несреќи. Градот повеќепати целосно изгорел во пожар. Како најголеми катастрофи на градот се вбројуваат поплавата од 1412 година, поплавата на Божиќ 1717 година и поплавата на 7 октомври 1756 година, при која градот бил поплавен со над еден метар вода и во која се удавиле 62 лица.

Од 1999 година, градот ја носи титулата „град на венчавките“ (Hochzeitsstadt).

Од 1 јануари 2007 година, Итерзен има административна поврзаност со општинската заедница Хазелдорф, чии административни работи ги врши градот.

Име[уреди | уреди извор]

Името на градот Итерзен, „најдалечен крај“, веројатно произлегло од неговата положба на самиот крај на областа.

Грб[уреди | уреди извор]

Во црвениот штит се наоѓа сребрена порта без врата. Ѕидот има шест врвови. На секоја страна има сребрена кула, секоја по два прозорци и со триаголен покрив. Помеѓу кулите се наоѓа лист од коприва, кој доаѓа од грбот на грофовите од Холштајн. Во отворената врата на основата се наоѓа објект во форма на „Ѕ“, кој веројатно ја прикажува Света Богородица и Исус, стоејќи на златна половина од месечина и опкружена од две златни ѕвезди на црвена позадина. Под вратата е сино поле, веројатно претставувајќи ја водата во градот.[2]

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Итерзен е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. Kommunale Wappenrolle Schleswig-Holstein[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]