Итака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Итака
Ιθάκη
Поглед на Вати
Поглед на Вати
Географија
Координати: 38°22′N 20°43′E / 38.367° СГШ; 20.717° ИГД / 38.367; 20.717
Островски ланец: Јонски Острови
Површина:[1] 117,812 км²
Највисока точка: Нирито (806 m)
Управување
Грција Грција
Периферија: Јонски Острови
Префектура: Кефалинија
Главен град: Итаки
Статистики
Население: 3.084 (од 2001)
Густина: 26 жит/км²
Пошт. бр.: 283 00, 283 01
Повик. бр.: 26740
Код на регистарски таблички: KE
Портал
www.ithaki.gr

Итака (грчки: Ιθάκη) — грчки остров кој се наоѓа во Јонското Море, со површина од 120 км2, и 3.084 жители [2]. Островот е општина во префектурата Кефалинија и се наоѓа североисточно од брегот на Кефалоња, и западно од континентална Грција. Најмногу е познат по Хомеровата Итака, како домот на Одисеј во Одисеја.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Голем остров во средина е Кефалонија. Островот Итака е десно.
Северна Итака

Името на Итака останало непроменето од класичните времиња. Постојат различни тумачења за потеклото на името на Итака; според едни островот го добил името по митолошкиот херој Итак, по други од грчкиот збор "ithy" што значи весел, а некои сметаар дека името настанало од феничанскиот збор "utica" што значи колонија.

Итака во митологија[уреди | уреди извор]

Авантурите на Одисеј траеле дваесет години, а сета негова сила и мисла била врзана за враќањето на островот Итака со кое владеел и на кој го чекала неговата верна сопруга Пенелопа и синт наследник Телемах. Островот Итака бил карпест и на него населението се занимавало со земјоделство и сточарство, по ништо посебно, ни богато. Но верноста на Пенелопа и мистичното исчезнување на Одисеј по Тројанската војна, на Пенелопа ѝ обезбедиле несакани просци. Токму пред враќањето на Одисеј во својот дом, дванаесет хеленски владетели ја побарале за сопруга, донесувајќи насилна одлука дека таа мора да одбере еден од нив. Одисеј, кого Атена го престорила во просјак со својот син им се спротивставува и го зачувува домот и семејството.[3]

Важни луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Основни одлики“. МВР. www.ypes.gr. Посетено на 8 јули 2007.
  2. „www.statistics.gr“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2009-03-18. Посетено на 2009-03-18.
  3. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 621 - 625.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]